Свети Никола постои, и се вика МАЈКА

379

Кога имаш пет години мислиш дека Свети Никола навистина постои. И навистина ќе ти донесе она што си сакал.

Мајката те слуша додека ти со раширени очи покажуваш како тој донел токму она што си го сакал! Токму она што ти треба !!!

Кога имаш 10 години, Мајката ќе ти признае дека сите тие подароци таа ги купувала, тогаш ти се урнуваат сите твои соништа и долго време ти е потребно да го прифатиш фактот дека волшебните суштества не постојат.

Кога имаш 15 години го мразиш и Свети Никола и Мајката. Таа е најголемиот непријател во твојот живот. Не зборувате по една недела, се среќавате во училишниот ходник кога не ѝ е потребна средба со тебе туку ѝ треба апаурин, бидејќи само што ги погледнала твоите оценки и неоправданите отсуства во дневникот. Ги мразиш нејзините готвени јадења и обожуваш пица и сѐ друго што се нуди во киосците.

Кога имаш 20 години Мајката и ти сте во ок. Таа секој понеделник во банка остава одредена сума на пари, твојот живот е убав и безгрижен, но не си ѝ благодарен. Тоа е обврска на Мајката, ти ќе бидеш за 5 години свој маж, и таа нема да ти биде потребна.

Кога имаш 20 години мислиш дека целиот свет ти е под нозете. Мајката и нејзиниот сопруг и понатаму се глупави и не разбираат како функционира животот на 21-от век.

Нивните совети се утнати и старомодни. Но тебе ти е совршено со нив, секој понеделник ти оставаат одредена сума на пари за да живееш како Бог за време на студирањето дури и ако не си студент.

Кога имаш 25 години, не постои Свети Никола. Легнуваш во 5, во 12, кога сакаш. Ја нема Мајката во 2 наутро да ти каже да го исклучиш интернетот и да одиш на спиење. Ја нема да ти зборува дека веќе три дена си на брза храна и дека ништо не си јадел со лажица.

Кога имаш 25 години, веќе си сфатил дека светот воопшто не ти е под нозете, и така со радост на мајката и на нејзиниот сопруг, на моменти би ѝ признал дека тие навистина биле во право.

Кога имаш 25 години легнуваш кога сакаш во ноќта кога доаѓа Свети Никола. Немаш очекувања од него ниту од неа.

Но Мајката наоѓа начин понекогаш да те врати во тоа време, кога си бил убеден дека постои.

Мајката наоѓа начин повторно да биде Свети Никола. Ќе ти испрати спремен бурек. Штека цигари. Ќе ти испрати порака навечер дека те сака и дека треба да се бориш, а кога ќе ти здосади дека треба да станеш и да кажеш: “Јас можам уште”.

Кога имаш 25 години мајката наоѓа начини. Ништо не ти остава во чизмата, но ќе ти даде шушки за нови чизми.

Мајката знае кога имаш и кога немаш. Мајката ќе најде начин, и кога ти некому ќе му бидеш Мајка. Таа ќе знае кога ќе ти недостасува заем за рата или сметка за струја. Ти си нејзиното мало дете и кога некому веќе одамна си Мајка. И мисли на тебе кога ти не мислиш на неа по една недела.

Да, ве излажале. Свети Никола постои, сѐ додека имаме Мајка.

loading...