Светот е на работ на масовно изумирање | Луѓето се следните на ред?!

903

Ваквите стапки на изумирање не се видени од последната ера на диносаурусите пред некои 66 милиони години.

Според светските научници, светот е на работ на шестото масовно изумирање на видовите, луѓето би можеле да бидат меѓу првите видови кои ќе исчезнат.

Животинските видови исчезнуваат 100 пати побрзо отколку во претходните, предупредиле научниците кои тврдат и дека луѓето би можеле да бидат меѓу првите видови кои ќе исчезнат.

loading...

“Раша Тудеј”, објави дека според научниците од Универзитетот Принстон, Стенфорд и Беркли, вакви стапки на изумирање не се видени од последната ера на диносаурусите пред околу 66 милиони години.

izumiranje na zivotnite2-001

АП Фото / Карнеги музеј на природна историја, Марк А. Klingler

Пол Елрих од Универзитетот Стенфорд, кој се занимава со исчезнувањето на видовите од 1980 година, вели дека податоците “покажуваат без сомнение дека влегуваме во шестото големо масовно истребување.”

Извештајот на овие истражувачи се соочува со критиките од други научници кои сметаат дека наводите се претерани. Сепак Елрих и соработниците се убедени во извештајот.

– Ако дозволиме ова да продолжи, на животот ќе му бидат потребни милиони години за да закрепне, а нашиот вид најверојатно ќе исчезне во многу рана фаза. Ние ја сечеме гранката на која седиме – вели Елрих.

Еден тим на научници вели дека ако порано стапката била истребување на два вида на цицачи на примерок од 10.000 видови во периодот од 100 години, потоа “просечната стапка на загуба на видови рбетници во текот на последните 100 години до 113 пати поголема отколку вообичаено би била без човечка активност”.

Меѓународната унија за заштита на природата ги поддржува овие алармантни податоци и наведува дека нивото на ризик е 26 проценти за цицачите и 41 проценти од водоземците. Елрих овие видови ги нарекува “живи мртовци”.

loading...