Светските корпорации и влади не сакаат да го видите “Земјани”, филм за кој треба да имате храброст! ВИДЕО

2879

Предизвика бура од реакции. Властите се обиделе да го спречат прикажувањето на филмот, нарекувајќи го лажен, но утврдено е дека снимките се целосно автентични.

Сите оние кои тврдат дека се љубители на животни треба да го видат филмот “Earthlings”. Оние кои се заинтересирани за тоа како функционира нашиот свет во кој живееме и кој е зад напредокот на човековата цивилизација не би требало да го вртат погледот од вистината.

Ви го претставуваме филмот, кој светските Влади и корпорациите сакале да го забранат. Ним никако не им е во интерес да го видат.
За да бидеме апсолутно свесни учесници кои живееме во 21 век, мора да се соочиме со реалноста и да се извлечеме од системот кој со години функционира како под калап.

loading...

Филмот “Earthlings” (Земјани) е документарен филм кој доби неколку награди на меѓународни филмски фестивали. Изработен е во 2005 година и беше замислен како проект кој треба да ја подигне јавната свест.

Благодарение на продуцентот, сценаристот и режисерот Шон Монсон, кој почна да ги истражува сите аспекти од животинската експлоатација и нивната поврзаност со луѓето, овој филм содржи снимки кој на режисерот му ги доставиле поединци од различни организации. Автентичноста на снимките е потврдена со долгорочна истражувачка работа, а на самиот почеток на филмот, авторот ја повикува јавноста која постојано одбива да се соочи со вистината.

Многу е важно секој човек да го погледне овој филм. Иако некои сцени се навистина одвратни, вознемирувачки, гротескни, треба да се има на ум само една работа – тие се реални. Сè што гледате во овој филм ќе предизвика бура од емоции, а некои делови ќе ве натераат и да ги затворите очите. Но, тоа е она што се случува со светот во моментов, секој ден.

Откако ќе го погледнете овој филм можеби тоа нема да промени ништо што до сега сте направеле, но сигурно ќе ви ги отвори очите и ќе ја подигне свеста по што навистина можете да ја осознаете вистината за светот во кој живееме.
Но, можеби овој филм ќе ве наведе да промените сè.

loading...