Светски ден на борбата против цензурата на Интернет

615
Booking.com INT

12 март е Светскиот ден против цензурата на Интернет, кој се одбележува од 2008 година, по иницијатива на невладините организации „Репортери без граници” и „Амнести интернешнл”.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Симболот на овој ден е  глувче со искинат кабел. Пораката е дека секоја цензура во слободниот виртуелнен простор е неприфатлива и секој има право на слобода да чита и да ги објавува своите ставови.

Целта на денот против цензурата на интернет е да се сврти вниманието на кршењето на слободата во кибер просторот.

Редовно се објавува листа на „непријатели на интернетот”, во која се вклучуваат земји со јасно изразена цензура.

По откритијата на Едвард Сноуден на листата е ставена и американската Агенција за национална безбедност и британската разузнавачка служба GCHQ.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...