„Сеат Атека Купра“ фотографирана без камуфлажа

708
Booking.com INT

„Сеат“ идната година ќе привлече големо внимание, бидејќи ќе го претстави СУВ моделот „Атека Купра“, кој неодамна беше фотографиран без камуфлажа. 

Bitcoin Exchange CEX.IO

Претходно годинава „Ауто Експрес“ ги откри плановите на „Сеат“ за силниот модел „Атека Купра“, а сега објави и фотографии од прототипот кој не беше заштитен со камуфлажа.

Официјалното претставување на овој модел ќе биде во 2017 година.

Прототипот е фотографиран на настан посветен на обновениот модел „Леон“. Не беше тешко да се забележи поради мат бојата, специјалните наплатки од легура и четирите издувни цевки, иако нема јасна назнака „Купра“.

seat-atek-couperin

„Атека Купра“ поседува 2,0 литарски бензински мотор со турбополнач од „Сеат Купра“, кој е туниран да испорачува над 300 коњски сили. Тоа значи дека за забрзување од 0 до 100 километри на час, потребни му се помалку од шест секунди, додека максималната брзина изнесува 249 километри на час.

Автомобилот изгледа поагресивно во однос на стандардниот модел, благодарение на помасивните браници и прагови, спуштен е поради помало навалување во кривини, доби нешто поинаква решетка за ладилникот, ЛЕД светла и слично.

„Атека Купра“ поседува мод кој овозможува спортски перформанси. Во внатрешноста има напредна технологија и стандарден осуминчен екран. Воланот поседува рамен долен дел, алуминиумски педали и друго.

seat-atek-couperin5

Претставувањето се очекува на Саемот за автомобили во Женева во март 2017 година.

Ова ќе биде најскап модел на „Сеат“ кој ќе чини околу 40.000 евра.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...