Седумте руски чуда

959

Неколку руски телевизиски и радио организирале гласање за „чудата во Русија“ преку интернет и со СМС, на кое можел да учествува секој жител на Русија.

Следува нивниот избор

Бајкалското Езеро

Бајкал се наоѓа во источниот дел на Сибир и се смета за најдлабоко езеро, но и најголем резервоар на свежа вода во светот. Длабоко е 1.500 метри, а бојата на водата и покрај неговата длабочина е многу бистра и сина.

Долината на гејзерите

Долината се наоѓа на Камчатка, а интересна е поради стотина активни и атрактивни гејзери. Беше рангирана на листата на светското наследство на УНЕСКО.

Споменикот на татковината

Овој голем споменик бил изграден во 50-те години на минатиот век во Волгоград во чест на сите војници кои го изгубиле животот во Втората светска војна. Споменикот е вклучен во Гинисовата книга на рекорди и дури двапати е повисок од Статутата на слободата во Њујорк.

Петерхоф

Ова место е изградено по наредба на Петар Велики на почетокот на 17-от век и се наоѓа во непосредна близина на Санкт Петербург. Поради изобилството на зеленило, вода, злато и прекрасна архитектура се смета за топ атракција во туристичките понуди на Русија.

Катедралата на Василиј Блажениот 

Катедралата се наоѓа на Црвениот плоштад, а е препознатлива по своите куполи и бои. Изградена е во периодот меѓу 1555 и 1561 година во чест на победата на царот Иван Грозни над Монголците.

Столбовите на Комската Република

Никој не е сигурен во тоа кога точно настанале, но научниците се согласуваат со едно – дека само природата може да направи нешто такво. Се проценува дека настанале пред 200 милиони години, а нивната висина е 42 метри.

Елбрус

Елбрус е највисоката точка на Русија, а според некои и највисокио

loading...