Седумте смртни гревови во бракот кои веројатно веќе сте ги направиле

63125

Љубовта бара многу работа, напор и жртва и токму заради тоа и на најдобрите од нас понекогаш им се случува, да направат погрешен чекор.

Некои експерти за љубовта (ако такво нешто воопшто постои) кажуваат дека љубовните врски се како чувствително растение – воопшто не е доволно само да го посадите и да го оставите да расте, туку треба да имате за него секојдневна грижа за да тоа продолжи да напредува.

Без разлика дали се согласувате со оваа изјава или не, едно е сигурно – успешното поттикнување на љубовната врска понекогаш е проклето тешко. Љубовта бара многу работа, напор и жртва. Токму поради тоа на најдобрите од нас, од време на време им се случува да направат погрешен чекор или да направат нешто со што ќе ја загрозат таа врска.

loading...

Некои од овие грешки можат лесно да се поправат, а последиците од другите можат трајно да ја нарушат љубовната врска. Кои се тоа грешки и што да се направи како би ги избегнале? Еве седум најопасни.

1. Сте престанале да се бричите
По почетните “О Боже мој, тој ме сака”, а потоа “О Боже, ние се венчавме!”, нешто чудно почнува да се случува со нашите жилети. Колку пати само си рековте: “Ма, утре ќе го направам тоа”, пуштајќи влакна на нозете и на другите делови од телото весело да растат и да се размножуваат? Без разлика дали официјално ви тврдат дека на нив тоа не им пречи многу, повеќето мажи едноставно не можат да смислат влакна на жената. Не чекајте лето и шорцеви на тоа да ве натераат и “смилувајте” му се од време на време.

2. Престанавте да носите секси облека и обувки
И покрај фактот што повеќето мажи немаат многу силен смисол за женските модни стилови, бидете сигурни дека никогаш за вас не би избрале тренерка или две големини поголем hoody, кога би ги замолиле да ви укажат што да облечете. Облеката која тие ја сакаат на жените треба да биде кратка, тесна и секси или барем нешто од тоа. Немојте да се изненадите ако мажот признае дека не му пречи повремено за него да се облечете како курва. Се разбира, не заборавајте пред тоа да го следите советот од првата точка.

3. Сте станале премногу блиски со неговата мајка
Сите оние жени кои ги бијат вистинските битки со мајките на своите сопрузи сигурно ви завидуваат, но премногу близок однос со мајката на мажот може да биде еднакво контрапродуктивен. Не треба да ви цртаме како, било какво спомнување на неговата мајка мора да го оставите на прагот на вашата спална соба, бидејќи тоа е најдобриот начин трајно да го изладите сопругот за неколку недели.

4. Споделувате премногу приватни детали од бањата
Можеби сте еден од оние парови кои не ја затвораат вратата од тоалетот додека го користат, а можеби дури и немате ништо против тоа додека тој ги четка забите во време кога вие вршите нужда. За повеќето луѓе тоа е незамисливо, но двајцата сте среќни со тоа. Од друга страна, многу е важно некаде да повлечете линија. Дали тој навистина мора да знае сè за вашата експлозивна средба со тоалетот после јадењето на лутото burrito? А уште подобро, мора ли било кој?

5. За вашите проблеми зборувате исклучиво со пријателките
Секогаш кога имате било какви проблеми, вашите пријателки се првите и единствените со кои сте навистина подготвени да ги споделите. Згора на тоа, без воздржаност пред нив ќе ја истресете вашата душа и ќе им кажете што ви пречи кај вашиот маж. Со ова, директно ги поткопувате вашите односи и тоа на два начина. Првиот е тој дека ништо не решавате, затоа што вашиот мажот треба да биде лицето со кое треба да зборувате за сè. Другиот е фактот дека вашите пријателки во овој случај, главно ќе слушнат сѐ најлошо за него, па ќе го оптовари нивниот однос со вашиот дечко и речиси ќе ги оневозможи некогаш да бидат добри пријатели.

6. Сте престанале заедно да вечерате
Ок, во денешното време, кога двата брачни другари работат понекогаш е тешко па и невозможно да се совпаднат плановите. Сепак, токму затоа е многу важно максимално да ја искористите секоја можност која ви се дава. Тоа е една од оние мали нешта кои двојките ја прават, а која е многу подобра отколку традиционалната “вечерата е во рерната”, “не јади на каучот”, “ќе се видиме”! Дали навистина сакате да бидете пар кој дури и овие мали нешта не може да ги прави заедно?

7. Дозволувате технологијата да ве замени еден со друг
Вие не треба да одите подалеку во минатото за да разберете дека неколку децении порано немаше цела низа на уреди кои денес ви го окупираат времето и вниманието, а кое некогаш сме ги подарувале на нашите партнери. Без разлика дали се работи за мобилен телефон, компјутерот, ДВД-то, таблетот или некое друго чудо на техниката, често нѝ се чини дека е многу полесно да се впери погледот во екранот, наместо да се праша драгата особа каков ѝ беше денот. Немојте да бидте еден од оние луѓе кои почесто комуницираат преку Фејсбук отколку во живо, а живеат под ист покрив.

loading...