Седум начини да го победите стресот

659
Booking.com INT

Нормалната состојба во која организмот функционира оптимално се нарекува хомеостаза. Меѓутоа, во животот на луѓето се случуваат непријатни настани кои можат да бидат доволно силни за да ја нарушат хомеостазата и да го доведат организмот во состојба на стрес.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Честопати не е потребно да се случи непријатност. Доволно е таа да биде навестена, па човекот да се чувствува напнат, загрижен, вознемирен, несигурен и слично. Всушност, тоа се зборовите кои луѓето најчесто ги користат за да опишат што им се случува кога велат дека се „под стрес“.

Кога е нарушена хомеостазата, организмот реагира во насока на адаптација кон промената и повторно воспоставување на нормална состојба. Затоа, научниците го дефинираат стресот како реакција на организмот на надворешени влијанија или како општ адаптациски синдром (Селyе, 1982).

Причинителите за стресот или факторите кои придонесуваат организмот да дојде во состојба на стрес, се нарекуваат стресори. Стресорите најчесто имаат психолошка природа. Тоа се непријатни, но и пријатни настани кои се случуваат ненадејно и ја ставаат личноста во голема неизвесност, во многу неповолна ситуација поради што има чувство дека не може да ги контролира и да се справи со случувањата. Колку што е стресот појак, а способноста на личноста за справување со него помала, толку е и стресот посилен.

Основни симптоми кои го дефинираат стресот се: несоница, анксиозност, страв и депресија. Денес според сите светски статистики овие симптоми се застапени со 25 насто во општата светска популација. Што значи тоа? Ако во светот има седум милијарди луѓе, во овој момент на земјата од овие кардинални симптоми страдаат 1,7 милијарди.

Стресот може да биде акутен и најчесто, хроничен, пролонгиран стрес, кој трае со месеци, со години и полека ги оштетува нашите клетки, нашето тело и нашето здравје. Секој може да се чувствува стресно од време на време. Стресот може да ви даде налет на енергија кога е најпотребна. На пример: при натпревар во спортот, кога работите на важен проект или тогаш кога се соочувате со опасна ситуација. Хормоните и други супстанци кои се ослободуваат кога сте под стрес ве подготвуваат за акција. Дишете забрзано, вашиот пулс се забрзува, шеќерот во крвта ви се покачува за да ви даде енергија, а вашиот мозок користи повеќе кислород вклучувајќи се во состојба на подготвеност.

Ако стресот трае долго време, состојба позната како хроничен стрес, тогаш оние промени на „висок алерт” стануваат поштетни отколку корисни.

– Стресот јасно промовира повисоко ниво на воспаление, кое се смета дека придонесува за многу болести на стареењето. Воспалението е поврзано со кардиоваскуларни болести, дијабетес, артритис, слабост и опаѓање на функционалноста, вели д-р Јанице Киецолт-Гласер, водечки истражувач на стресот на Државниот универзитет во Охајо.

Таа и другите истражувачи откриле дека стресот влијае врз имунолошкиот систем на телото, кој потоа го ослабува одговорот на имунизација и го нарушува заздравувањето на раните.

Истражувањата го поврзуваат хроничниот стрес со дигестивни нарушувања, уринарни проблеми, главоболки, тешкотии поврзани со спиењето, депресија и анксиозност. 

– Некои истражувања утврдиле дека физичките, емоционалните и социјалните ефекти од болести како ракот се стресни за пациентите, за оние кои се грижат за нив и за оние кои успеваат долготрајно да преживеат со ракот, вели д-р Паиг Грин Мек Доналд од американскиот Национален институт за здравје, експерт за стресот и биолошкиот аспект на ракот. Меѓутоа, не постои конечен доказ дека стресот предизвикува рак или дека е поврзан со должината на преживување по поставување на дијагноза на рак.

Дали се чувствувате дека сте под стрес?

Седум начини да го победите стресот4-001

Според испитување од 2013-та година спроведено во САД, парите и притисоците поврзани со работата се водечка причина за стрес во оваа земја. Стресот, исто така, може да произлезе од значајни промени во животот, како што е смрт на саканата личност, развод, болест или загуба на работното место. Трауматскиот стрес може да биде предизвикан од екстремен настан како што е голема несреќа, изложеност на насилство или природна катастрофа како поплава и слично. Грижата за човек со тешка болест, како што се деменцијата и ракот, исто така, може да биде значаен извор на стрес.

Не е јасно зошто некои луѓе можат да се тргнат настрана или побрзо да заздрават од стрес отколку другите. Овие приспособливи луѓе изгледаат како да „застанале на нозе” полесно после стресни ситуации. Неодамнешните студии на животни укажуваат на тоа дека флексибилноста може да зависи барем во дел од нашите гени. Но, учењето здрави начини како да се справиме со стресот, исто така, може да ја зголеми приспособливоста.

– Постојат многу различни начини како да се справиме со стресот. Од различни истражувања учиме дека блиските лични односи со луѓе со кои можеме да разговараме, со кои можеме да ги споделиме нашите чувства, можат да бидат корисни, вели Киецолт-Гласер.  Значи, посочува,  дружбата со семејството и пријателите, со цел да се задржат овие односи, е можеби една од најважните работи што можеме да ја практикуваме како стрес редуктор.

За жал кога сме под стрес, ние се стремиме да ги правиме најлошите работи кои воопшто не ни се корисни за здравјето. На пример, луѓето под стрес може да имаат тенденција да се изолираат и да не бараат социјална поддршка. Вежбањето е голем стрес редуктор. Но, кога луѓето се под стрес, вежбањето станува поретко и помалку привлечно.

– Наместо одржување на здрав начин на исхрана, исто така важно за намалуваwе на стресот, некои луѓе кои се под стрес се наклонети да јадат повеќе крофни од зеленчук, вели Киецолт-Гласер.

Може да мислиме дека нервозата предизвикана од стресот може да ни помогне да согоруваме повеќе калории. Но, доказите наговестуваат дека спротивното е поверојатно. Киецолт-Гласер и колегите откриле дека, во споредба со луѓето кои не се под стрес, оние кои се под стрес согореле помалку калории после оброк со многу масти и произвеле повеќе хормон инсулин, кој го зголемува складирањето на мастите.

– Значи, стресот може да придонесе за зголемување на телесната тежина , додава Киецолт-Гласер.

Доволното спиење е исто така клучно за издржливоста и ослободувањето од стресот, иако самиот стрес може да се меша со спиењето. За да ги подобрите вашите навики за спиење, одете во кревет во исто време секоја ноќ и станувајте во исто време секое утро, и ограничете го користењето на апарати кои зрачат светлост како компјутери и „паметни“ телефони пред спиењето. Светлоста може да го намали производството на природниот хормон за спиење наречен мелатонин, што потоа го отежнува заспивањето.

“Вон препораките за вежбање, здрава исхрана, социјални контакти и доволно спиење“ вели Грин Мек Доналд, студиите исто така покажале дека насоченото внимание кон сопствените емоции и други практики за медитација можат ефикасно да го ублажат стресот. Други студии на НИХ покажале дека медитирањето може да го намали стресот, да ја измени мозочната структура и функција и да даде позитивен ефект врз имуниот систем.

Седум начини да го победите стресот1-001

За да го намалите стресот

1. Наспијте се добро.
2. Вежбајте редовно. Само со 30 минути пешачење дневно може да се зголеми расположението и да се намали стресот.
3. Изградете социјална мрежа за поддршка.
4. Поставете приоритети. Одлучете што мора да се стори, а што може да чека. Кажете „не“ за новите задачи ако тие ве преоптоваруваат.
5. Размислувајте позитивно. На крајот на денот имајте го на ум она што сте го оствариле, а не она што не сте успеале да го направите.
6. Обидете се со методи за релаксација. Насочено внимание, медитација, јога или други методи можат да ви помогнат.
7.Побарајте помош.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...