Седум најстудени места за живот

2363
Booking.com INT

Доколку се уште не сте се навикнале на студеното време може да ви помогне листата со места во светот, кои се многу постудено од нашите краеви.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Ојмајкон, Русија

oymyakon

Најстудено трајно населено место во светот е Ојмајкон, кое се наоѓа во истоимената долина во североисточна Русија. Просечната температура во текот на јануари изнесува минус 50 степени Целзиусови. Името на селото во превод значи „вода, која не смрзнува“, бидејќи во близина се наоѓаат термални извори. Во Ојмајкон живеат околу 500 жители. Претежно се греат на дрво и јаглен. Училиштата се затвораат само доколку температурата падне под минус 52 степени.

oymyakon01

Ојмајкон

Верхојанск, Русија

verhojansk-russia

Според податоците од 2002 година во ова гратче живеат 1.434 луѓе. Верхојанск се наоѓа во сибирското пространство, а властите уште пред Сталиновата ера таму ги протерувале политичките неистомиленици. Просечната температура во јануари изнесува 45 степени под нулата, а најстудената температура некогаш измерена е во 1892 година, кога живата на термометарот покажувала минус 67,7 степени.

verhojansk-russia-001

Верхојанск

Интернешенал фолс, Минесота

Интернешнл фолс е едно од најстудените места во САД. Се наоѓа на границата со Канада, а е дом на повеќе од шест илјади жители. Просечната температура во првиот мсец изнесува минус 19 степени.

Фрејзер, Колорадо

Селото, кое е на три илјади метри надморска височина се наоѓа во близина на популарно скијалиште, а во него живеат 910 жители. Просечната годишна температура изнесува нула степени Целзиусови, а во јуни е и под нулата,

fraser-colorado

Јакутск, Русија

yakutsk

Уште во септември се почнува пополека да смрзнува, а ситуацијата е таква се до март. Во јануари просечната темепратура изнесува 36 степени под нулата, но околу 200 илјади жители со текот на времето се навикнале на оваа клима. На пример, градот има голем број театри, музеи, па дури и зоолошка градина, во која веројатни најмногу уживаат поларните мечки.

untitled

Јакутск

Хел, Норвешка

Ова место стана мошне познато, благодарение на своето име. Во „Пеколот“ доаѓаат голем број туристи само за да се сликаат покрај написот на кој пишува „Hell“, но повеќето сепак пристигнуваат кога ќе се стопли. Од декември до март таму владејат мразот и снегот, така што Хел е поповолен за пингвини, отколку за луѓе.

hell-norway-1-001

Улан Батор

Time Lapse: Ulaanbaatar (Take 2) from Lauren Knapp on Vimeo.

Улан Батор во Монголија се смета за најстудениот главен град на светот. Се наоѓа во монголските степи на околу 1.300 метри надморска височина. Во јануари температурата достигнува до минус 16 степени.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...