Седум причини зошто сијамските мачки се вистинскиот избор за вас

1476

Сијамската мачка е една од најстарите раси на ориенталната мачка. По потекло е од областа на Сијам, денешен Тајланд.

Се претпоставува дека потекнува од пред 500 години, а во Европа пристигнала во втората половина на 19 век.

Во продолжение прочитајте за да дознаете зошто овие прекрасни мачки се вистинскиот избор за вас и за вашиот дом.

loading...

1. Многу се социјални и мили. Во цртаните филмови често се претставени како умислени и повлечени, но вистината е токму спротивнa. Сијамските мачки сакаат да бидат дел од животот на сопственикот и активно да учествуваат во него. Затоа се одличен избор за секој кој сака мачки, а особено за луѓето кои живеат сами. Тие ќе бидат среќни да “поразговараат” со вас.

2. Убави се . Имаат преубави сини очи кои ќе ве хипнотизираат понекогаш. Влакното им е меко, ушите им се малку поголеми од повеќето други мачки, а телото витко и со средна големина.

3. Разиграни се. Сијамските мачки се вистинскиот избор за семејства со деца, бидејќи со сијамските мачки никогаш нема да им биде досадно. Тие се толерантни кон луѓето (иако децата понекогаш знаат да претераат), а сакаат да играат и со различни играчки.

4. Паметни се. Многу брзо сфаќаат како работите функционираат во нивниот нов дом. Ќе го почитуваат договорот и нема да прават проблеми.

5. Нема толку брзо да ве напуштат. Сијамските мачки живеат долго. Често се случува да живеат и до 20 години. Ако бидете добри со нив, овие мачки долго ќе бидат дел од вашето семејство.

6. Тие не ве сакаат само кога се гладни. Сијамските мачки едноставно не се такви. Тие ги сакаат своите сопственици од 0 до 24 часа и ќе шетаат со вас низ куќата или станот додека ги вршите своите обврски.

7. Одлично се согласуваат со другите домашни миленици. Како и со другите мачки, понекогаш им се потребни неколку дена да се навикнат на новиот миленик, но кога малку повеќе ќе го запознаaт, брзо се спријателуваат и стануваат неразделни. Ако поради работа во текот на денот не сте дома, можеби би било добро да набавите уште една мачка, сијамката дане биде сама.

loading...