Седум работи кои никогаш не треба да ги правите по будењето

3177

Ако припаѓате на огромното мнозинство луѓе на кои утрата вообичаено им почнуваат со будење со алармот на мобилните телефони или часовници во последен момент, а потоа следува брзање, стрес и пиење на првото кафе, време е да ја промените оваа навика.

Во продолжение ви нудиме седум работи кои никако не би требало да ги правите наутро веднаш по будењето.

1. Не го притискајте копчето со кое ќе го одложите ѕвонењето на алармот за да поспиете „уште некоја минута“. Експертите за квалитетен сон велат дека тоа не е добра идеја, затоа што повторно може да се продолжи со спиење и потоа многу брзо следува нагло будење. Резултат? Ќе се чувствувате уморно и безволно.

2. Не останувајте неподвижни во креветот. Подобро вежбајте во легната положба. Колку повеќе ги истегнувате мускулите, толку подобро ќе се чувствувате и ќе се ослободите од стресот пред почетокот на новиот работен ден.

3. Не проверувајте и-мајл веднаш по будењето. Наместо тоа, денот почнете го со едноставни навики поврзани со продуктивноста која следи во остатокот на денот.

4. Да не заборабите да го наместите креветот. Верувале или не, експертите оваа едноставна навика ја поврзуваат со продуктивност која следи во остатокот на денот.

5. Не посегнувајте веднаш по кафе. Меѓу осум и девет часот наутро, велат експертите, човечкото тело произведува поголемо количество на хормонот кортизол кој го регулира количеството на енергија во организмот. Ако испиете кафе пред 9.30, ќе се намали производството на кортизол и автоматски ќе имате помала енергија.

6. Ако можете, разбудете се во мугрите или подоцна, а не додека надвор сѐ уште е темно. Тоа е многу важно поради внатрешниот часовник, кој може лесно да се смени со станување пред мугрите. Ако надвор сѐ уште е темно кога станувате, запалете светло во станот и повлечете ги завесите во исчекување на светлината на денот.

7. Внимавајте на вашите утрински навики. Според истражувањата, наутро нашата сила е најслаба, со тоа навиките кои ги имаме се најважни. Да станете на време, да појадувате и да се подготовите за излегување во „автоматски модем“ ќе ја сочува енергијата за тој ден.

loading...