Секој го сака преубавиот фустан на Кејт Мидлтон

546

Кејт Мидлтон има обожавателки низ целиот свет. Една од најдобрите потврди е тоа што облеката што таа ја носи се продава многу брзо, а токму тоа е она што се случило со дизајнерската облека, која ја избрала за вечера со Мишел и Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама со сопругата е во официјална посета на Велика Британија, а Кејт Мидлтон се сретнала со нив во друштво на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам и неговиот брат Хари.

Свечената вечера се одржала во палатата Кенсингтон и војвотката од Кембриџ, изгледа, со стилот ја надминала првата дама на САД, бидејќи нејзиниот фустан се распродал.

Свилениот фустан е во неколку бои потпишан од страна на дизајнерот Л.К. Бенет, а таа ѝ го додала појасот околу половината, кој со бојата одговара со чевлите со потпетици на Руперт Сандерсон во темносини нијанси. Стилот го надополнила со обетки, исто така, со сина боја, кои заедно се совпаѓаат со познатиот венчален прстен.

loading...