„Сексуално злоставување“ и во бајките | Видео

995

Британката Сара Хол тврди дека познатата бајка „Заспаната убавица“ им испраќа погрешна порака на децата, со тоа што, сцената каде принцот ја бакнува принцезата додека спие, е типичен пример на сексуално вознемирување бидејќи бакнежот е едностран. 

Таа го замоли училиштетот каде учи нејзиниот шестгодишен син Бен, да ја отстрани „Заспаната убавица“ од својата програма.

– Во „Заспаната убавица“ имаме класичен пример за сексуално вознемирување без согласност од другата страна. Дали е тоа нормално?, наведе Хол.

Таа оценува, дека бајката не треба да биде забранета, туку дека „Заспаната убавица“ треба да ја читаат повозрасни деца бидејќи е совршен повод за дискусија за тоа како принцезата се чувствувала и слично.

loading...