Секс-биоритам | Во кое време сака тој, а во кое време сака таа

11707
Booking.com INT

Наука: Нивото на хормоните варира во текот на денот и управува со сексуалната желба, затоа пред сексот погледнете на “часот на страста” и зголемете ги шансите за совршено задоволство.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Жените и мажите имаат различни секс-биоритам

Сексуалниот биоритам на слободните жени е на врвот од понеделник до четврток, а на оние во брак или во постојана врска е во петок. Поточно, на страстите ќе им се препуштат помеѓу 20 и 22 часа, утврдиле научниците од италијанскиот Универзитет во Катанија на основа на секс-дневникот кој 1180 жени го воделе од 2004. и 2011 година.

Појдовна точка е претпоставката дека на сексуалната желба влијаат половите хормони кои се ослободуваат за време на менструалниот циклус. Податоците покажуваат дека слободните жени се активни во почетната фаза на циклусот, кога естрадиолот го контролира созревањето на јајцата во јајниците, а “оние во врска” се активни кога е највисоко нивото на прогестеронот, што е случај на почетокот и крајот на циклусот. Значи, на тоа дали ќе имаат секс влијаат многу фактори, менструалениот циклус потсвесно ја контролира желбата.

Но сексолозите веќе одамна утврдиле дека сексуалното задоволство на мажите и жените во голема мера зависи и од тоа во кој период во денот имаат секс. Затоа, пред да тргнете во заведување на партнерот, погледнете на часовникот за да видите какви се вашите шанси за совршено задоволство.

Луѓето не се машини, опуштете се!

Секс – биоритмот не го земајте здраво за готово затоа што луѓето не се машини. Ако вашиот партнер ве одбие, тоа не значи дека љубовта ја нема. Неговото либидо можеби е “на пауза”, вели сексолог Питер Плац.

секс биоритам

Меѓу 6 и 8 часот

Таа: Иако е будна, нејзиното тело уште не е подготвено за секс. Нивото на мелатонинот уште е премногу високо, па дури и телесната температура не е доволно подигната. Жената ќе ужива ако партнерот почне да ја буди со бакнежи, но никако не треба да ја прескокнете предиграта. Направете да биде убаво и бавно.

Тој: Сексуалната возбуда е на својот врв затоа што на мажот му треба енергија за новиот ден. Тогаш се брзи на чкрапалото, па жената не може да очекува ништо повеќе од секс на брзина.

Меѓу 8 и 10 часот

Таа: Жената е сега целосно будна и подготвена за секс. Нивото на ендорфинот, хормонот на среќата, во тоа време во телото на жената го достигнува максимумот, па нема долго да потрае таа да се возбуди.

Тој: Неговиот ум е веќе фокусиран на работа. Нивото на тестостерон кај мажите во ова време веќе се намалува и донекаде се враќа во нормала, па прилично тешко би се разбудил за оние работи.

Меѓу 10 и 12 часот

Таа: Рецепторите за вкус кај жената се сега многу изострени. Токму затоа доцна претпладне е идеално време за максимално задоволство во орален секс.

Тој: Мажот сега своето време го троши во размислување. Тоа е причината зошто во ова време од денот, подобро би размислувал за сексот наместо да направи конкретен чекор кон тоа да нешто од тоа навистина и да се случи.

секс биоритам3

Меѓу 12 и 14 часот

Таа: Женската активност во овој период од денот кулминира, но таа активност нема никаква врска со сексот. Во оваа фаза, жената тешко ќе се опушти и насочи на секс.

Тој: Мажот е расположен за секс игри. Но неговата изведба во овој дел од денот во голема мера зависни од партнерката. Ако е таа по некоја случајност расположена за страсти, тој ќе даде сѐ од себе да ја задоволи.

Меѓу 14 и 16 часот

Таа: Женскиот репродуктивен систем во овој момент е целосно подготвен за зачнувањето. Жената не е баш расположена за долго и споро водење на љубов. Повеќе е подготвена за секс на брзина, со трошка садо- мазохистичко задоволство.

Тој: Семето, кое го произведуваат машките репродуктивни органи околу 16 часот е најквалитетно. Значи, ова е најдоброто време за секс, ако сакате да формирате семејство.

Меѓу 16 и 18 часот

Таа: Повеќето жени не се во можност активно да водат љубов во текот на тие часови, но можеби не би им пречел секс на брзина во мрзливото попладне. Значи, не го одбивајте својот маж ако покажува желба за нежност.

Тој: Мажот е подготвен за акција, но во ова време, исто така, не е подготвен за вклучување во лесен секс. Еден секс на брзина, кој ќе го намали стресот и негативната енергија, добро би му дошол.

секс биоритам4

Меѓу 18 и 20 часот

Таа: Времето за вечера е време кога жената треба да го надомести недостатокот на енергијата. Сензорните нервни завршетоци во ушите во тоа време се најчувствителни, па ќе уживаат во шепотењето на увото.

Тој: Мажот е во оваа фаза концентриран на убава вечера и на тоа малку да се одмори по неа, така што сексот и не му е на првото место.

Меѓу 20 и 22 часот

Таа: Сега е најдоброто време да се оди во кревет и најдобро е време за нежност. Жената е полна со енергија, особено ако изела убава вечера. Таа е подготвена да дејствува по сопствена иницијатива. Препорака на научниците: целосно препуштете ѝ се.

Тој: Мажот е во ова време подготвен да оди чекор понатаму и да ѝ ја исполни секоја желба на партнерката. И машкиот и женскиот сексуален часовник отчукува подеднакво во оваа фаза.

Меѓу 22 часот и полноќ

Таа: Нивото на мелатонинот кај жената драматично се зголемува околу полноќ , а телото паѓа во длабок сон. Дури и ако е будна, сексуалната будност во ова време опаѓа. Меѓутоа, жената се чувствува поромантично, па затоа вреди да се проба.

Тој: Мажот се чувствува сосема опуштено, иако сѐ уште не спие. Тој би можел да биде подготвен за долг и бавен секс. Едноставно, треба да го отпушти остатокот од енергијата преку сексот, за да може мирно и цврсто да заспие.

секс биоритам6

Меѓу полноќ и 06:00 часот

Таа: Нејзиното тело треба одмор. Сепак, некои луѓе можат да имаат секс и во полусон. Многу жени кои никогаш не доживеале оргазам го доживеале врвот на задоволството токму водејќи љубов половина заспани. Феноменот има врска со состојбата на целосната релаксација која се случува во сонот. Но, партнерот би требало да биде буден за да го одработи својот дел од работата.

Тој: Мажот во ова време е во длабок сон и би ви требало многу напор за да успеете да го разбудите и да го убедите на секс.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...