Секс совети за жени во 19 век | Мозочно лудило!

492

Страстен секс во брак? Денес кон тоа сите настојуваат, а во 19 век такво нешто било несакано, барем “на хартија”.

Жените често се претставувани како невини суштества лишени од секоја сексуалност, освен за потрбите за раѓање на деца, додека мажите во главно биле “сексуални манијаци” кои скокаат на жената веднаш штом ќе видат парче гола кожа.

На жените им било советувано, на своите мажи, да им покажат дека не се согласуваат толку лесно за секс, уште повеќе, дека тоа го прават против својата волја.

Во книгата “Секс-совети за сопружници” од 1894 година, од Рут Смитерс се наоѓаат во изобилство “практични совети”, а ние ви претставуваме некои од нив:

1. Одбијте го
Ако мажите не ги одбиете, тие ќе бараат секс секој ден. Затоа, задолжително спротивставете се на ова.

2. Пасивност за да се избегне бакнување
Ако некој се обиде да ве бакна во уста, свртете ја главата на страна за да ве бакне во образ.

3. “Ме боли главата”
Најдобро е да се одглуми главоболка или мигрена еден час пред да одите на спиење.

4. Да не ве види гола
Никогаш не излегувајте гола пред мажот, бидејќи кај него ќе ја разбудите желбата без никаква потреба.

5. Правте се мртви
Ако дојде до сексот, најдобро е тоа да се случи во целосна темнина. Добро е да правите мртви затоа што секое мало движење може да сугерира дека навистина уживате во сексот.

6. Романтика? Воопшто не!
Во сексот не смее да има романтика, а на сопругот дозволете му да ви ја симне облеката само до колковите.

7. Задолжително зборувајте
За време на сексуалниот однос најдобро е да молчите, но можете и да зборувате, но не било што. Најдобро е да се зборува за домашните обврски и тоа непрекинато.

8. Ако ви ја приближите “гадоста”, свртете ја главата
Мажите по природа се перверзни па ако се обидат својата “гадост” да ви ја приближат до устата, упорно вртете ја главата на страна.

9. Бидете внимателни каде ве бакнува, а потоа бегајте во WC
Ако се обидува да ве бакне на друго место освен во образот, бргу спуштете ја ноќницата или наметката, а тогаш нјадбро е да му се извините и кажете дека итно ви треба тоалет.

10. Не дозволувајте да спие
Спречете го сопругот по сексот мирно да заспие. Приговарајте му, потсетете го на она што треба да направи следниот ден.

11. Исклучете ги светлата
Ако веќе не можете да го избегнете сексот, исклучете ги сите светла во собата. Можеби вашиот сопруг ќе се сопне и падне на патот до креветот, а и вие ќе “избегнете несреќа”.

loading...