Селско месо

401

Фичо ќе подготви селско месо во оригинален амбиент и ќе се запознае со животот на село. Погледнете го видеото за да видите како!

Подготовка

Чекор 1: Меленото месо измесете го со јајцето, брашното и зачините. Мешајте го убаво да се соедини, по потреба додајте малку масло и формирајте мали ќофтенца.

loading...

Чекор 2: Свинското, говедското и пилешкото месо исецкајте ги на коцки со еднаква големина. Големината на парчињата месо треба да е еднаква на големината на ќофтенцата.

Чекор 3: Стоун Леџенд тавата ставете ја на оган, додадете путер и масло. Кога ќе се загрее додадете го месото да се запржи колку да се затворат порите. Месото извадете го во сад на страна.

Чекор 4: Во истата тава запржете го ситно исечканиот кромид и моркови. Додадете ги сецканите печурки и запржете ги. Додадете го месото и 1 литар говедски бујон.

Чекор 5: Печете во загреана рерна на 200 степени околу 2 часа. Повремено промешајте, по потреба.

Чекор 6: Сервирајте!

СОВЕТ: Совршено одговара за мацкање со домашно лепче, после напорниот работен ден.

Прочитај повеќе: http://moirecepti.mk/post/selsko-meso

loading...