Семејните проблеми се знак дека имате успешен брак

21400

Најчестите семејни кавги во бракот се предизвикани од прекорите на сопругата врз сопругот, кои тој, неволно ги прима, а истите можат да бидат заслужени.

Неопходно е да се откријат вистинските причини за тие прекори. Најчесто нивен причинител е желбата на споругата, нејзиниот сопруг да биде подобар отколку што тој навистина е.

Во тие случаи сопругата станува совест на сопругот и тој треба да ги прифати нејзините укори. Мажот е склон, особено во бракот, да дозволува нештата да се одмакнуваат. Сопругата, пак, го отклонува сопругот од тоа и очекува најчесто многу повеќе под него. Во таа смисла, семејните караници, колку и да звучи тоа чудно, се доказ дека бракот е остварен (а не само планиран). Бракот значи дека двајца луѓе станале една личлност, а во тој нов човек сопругата ја игра улогата на совест.

loading...

Затоа караниците во бракот се дури и корисни, огнот на караницата го согорува сиот оган на гневот и несогласувањето, кое понекогаш го акумулираме во подол период. Заедничкото објаснување е проследено со чувство на целосен мир и спокој – се‘ е разјаснето. Тогаш се ослободени најголемите дарови на духот: влегувајќи во заедница со друг, почнуваме да разговараме за најпрекрасни нешта, достигнуваме полно единство на душата и умот.

loading...