Сериозно предупредување на лекарите | Еве како не треба да се борите со студот

21094

Ниските температури се сериозно искушение и за здравјето на луѓето и не треба да се потценуваат.

Ви пренесуваме сериозно предупредување на лекарите дека никако против студот не треба да се борите со алкохолот!

Ниските температури многу негативно влијаат на хронично болните и постарите од 70 години, но, исто така и на младите луѓе. Дури и на оние со атлетска градба.

1. Циркулаторниот систем (крвоток) е особено чувствителен, бидејќи нашите крвни садови се стеснуваат на студот, крвта тешко минува низ крвните садови, а крвта е таа која со протокот обезбедува топлина. Со стеснувањето на крвните садови се зголемува горниот притисок, а кај високиот притисок може да пукнат некои крвни садови.

Image result for circulatory system animation

2. Студот не го сака ниту нашето срце. Зошто е тоа така најлесно е да се објасни ако го замислиме како мотор. Во срцето, исто така, се стеснуваат крвните садови, а потоа тоа мора да вложи огромен напор да ја испрати крвта во сите делови на телото.

Image result for circulatory system gif

3. Екстремно студениот воздух не го сакаат ниту белите дробови, затоа што, кога го дишеме студениот воздух доаѓа до затегнување на ткивото на белите дробови. Така дишните патишта се заштитуваат од нешто што им пречи.

Image result for respiratory system gif

4. Не треба да се занемари нашиот најголем орган, а тоа е кожата. Кожата многу страда заради студот, бидејќи е прва на удар. Како што кажавме на почетокот, прво се стеснуваат крвните садови и потоа крвта која е топла и која го грее телото не може нормално да циркулира и во тој случај настануваат смрзнатини. Кожата која не е подложена на циркулацијата на крвта поподложна е на хипотермија. И по само 15 секунди на многу ниски температури, кожата почнува да се смрзнува.

Related image

Често како идеално средство за загревање се спомнува алкохолот. Многу луѓе сакаат да се пофалат со тоа колку од алкохолот чувствуваат пријатна топлина. Но, тоа е лажен ефект и за здравјето е многу опасен.

Алкохолот предизвикува проширување на крвните садови, крвта засилено тече низ површината на телото и веднаш предизвикува пријатно чувство на топлина. Сепак, со ова проширување на крвните садови се зголемува губиток на телесната температура, а потоа телото побрзо замрзнува. Поради тоа, треба да се запомни дека алкохолот не загрева.

Треба да се пијат топли пијалаци, како чај или да се јаде топла супа. Слоевито да се облекувате и да уживате, според многумина, во најубавиот период од годината.

Споделете со вашите пријатели!