СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ | Светското здравје е загрозено, бактериите стануваат отпорни на антибиотици

2148
Booking.com INT

Милиони би можеле да умрат, но последната сламка на спасот нуди едно австралиско животно.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Употребата на антибиотиците во светот се зголемила за 65 проценти во периодот меѓу 2000. и 2015. година, особено во неразвиените и средно развиените земји, што се заканува на глобалното здравје, предупредуваат научниците.

Експертите веднаш на почетокот на извештајот истакнуваат дека “отпорноста на антибиотиците, како резултат на нивното неумерено земање, е сѐ поголема закана за светското здравје”.

Студија објавена во весникот Proceedings of the Nacional Academy of Sciences, која делумно се темели врз основа на предвидувањата, предупредува: “Употребата на антибиотиците во светот во 2015 година се проценува на 42,3 милијарди стандардно пропишаните дневни дози за возрасни лица”.

Во 76 земји во кои се спроведувало истражувањето, употребата на антибиотици се зголемил од 21,1 милијарди стандардно пропишани дози во 2000 година на 34,8 милијарди во 2015 година.

Во споредба со растот на бруто-домашниот производ, нивото на употреба на антибиотици, особено се зголемила во неразвиените и средно развиените земји – за 114 проценти за шеснаесет години, во износ од 24,5 милијарди стандардно пропишаните дневни дози.

Eili Klein, истражувач во Center for Disease Dynamics, Economisc & Policy и еден од авторите на студијата, вели дека ова зголемување значи “подобар пристап до потребните лекови во земјите со голем број на болести кои можат успешно да се третираат со антибиотици.”

Сепак, тој предупредува: “Бидејќи сѐ повеќе земји добиваат пристап до тој тип на лекови, стапката на употреба ќе се зголеми (…), што ќе предизвика повисока стапка на отпорност на антибиотици.”

Таквата отпорност на бактерии е одговорна за смрт на 700.000 луѓе годишно во светот, оценува група меѓународни експерти основана во 2014 година во Велика Британија.

Употребата на антибиотици е пониска во богатите земји и изнесува 10,3 милијарди стандардно пропишани дневни дози. Помеѓу 2000 и 2015 година, растот бил само 6 проценти.

Турција, Тунис, Алжир и Романија во 2015 година биле меѓу шесте земји со највисока стапка на употреба на антибиотици.

Во последните шеснаесет години, употребата на антибиотици двојно се зголемила во Индија, во Кина за дури 79 проценти, а во Пакистан за 65 проценти. Овие три земји се најголемите потрошувачи на антибиотици меѓу неразвиените и средно развиените земји.

Напротив, незабележителен раст бил забележан во трите земји кои се први по потрошувачка меѓу богатите земји – САД, Франција и Италија, се наведува во студијата.

Отпорност на антибиотиците би можела да доведе до десет милиони животи до 2050 година, оценето е во неодамна објавената британска студија.

Спас на човештвото можеби би можело да дојде од некој чуден клунар. Тоа животно кое живее во Австралија е еден од ретките цицачи кои несат јајца. Австралиските научници неодамна откриле дека протеинот во мајчиното млеко од чудесниот клунар може да има лековито дејство врз луѓето.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...