Сето мое Јас | Како научив да живеам со ова нарушување на личноста?

2685

Melanie Goodwin во еден момент од својот живот, открила дека во неа има четири личности. Таа била дете, 16-годишно, возрасна жена во 30-тите и 60-тите. Била потполно изгубена …

До 40-тата година Melanie Goodwin не се сеќавала на својот живот пред својата 16-та година. Тогаш се случила семејна трагедија, која кај Melanie поттикнала катастрофална психолошка промена. Одеднаш станала свесна за сите свои личности и бариери меѓу нив, кои започнале да се распаѓаат. Сите тие личности биле таа, Мелани, но на различна возраст.

– Да се живее со дисоцијативно/разединето нарушување на личноста може да биде пекол. Тоа е распаѓање на личен секојдневен живот, кои луѓето го земаат здраво за готово. Се губи чувство за себеси – објаснува Goodwin за Independent.

За Goodwin сознанието на другите лица во неа било шокантно. Како да ги доведе во некаков ред и да води, колку – толку нормален живот?

Зошто се појавува разединето растројство на личноста?

Денес Goodwin оди на терапија во Pottergate центар за дисоцијативна траума во Norwich. Центарот ја води Remy Aquarone аналитичар и психотерапевт, поранешен директор на Меѓународното друштво за проучување на траума и дисоцијативно нарушување. Во својата кариера, која трае повеќе од 30 години, Aquarone има работено со стотици луѓе со дисоцијативни нарушувања на повеќекратна личност.

– Во повеќето случаи, овие луѓе преживеале трауми во детството, како што се занемарување и злоупотреба, од кои поголемиот дел започнале во раното детство, пред петтата година – објаснува Aquarone.

За да се справат со тие трауматски околности, во теоријата, детето почнува да се “заштитува одн. оградува”својата личност ја дели на неколку делови. Една личност проживува злоупотреба и неговото ужасно психолошко и физичко влијание, а другиот дел го живее остатокот од животот. Или, пак, едната личност може да трпи злоупотреба, втората личност “управува” со телото тоа да се врати во својата спална соба, и третата која оди наутро во кујна на појадок. Ако злоупотребата трае долги години, и ако се појавуваат различни сценарија и луѓето кои ги злоупотребуваат, личноста и понатаму може да се дели на сѐ помали делови.

Дисоцијацијата, оградување од настаните, е фактор, благодарение на кој детето продолжува понатаму со својот живот.

– Тоа е крајниот систем на прилагодување. Тој го користи несвесниот дел од вас да се прилагоди на начинот на размислување и како детето да пронајде некоја сигурност во својата околина – раскажува Aquarone.

– Ако сте во сосема невозможна ситуација, оградете се од лошото за да преживеете. Траумата може да ве замрзне во времето. А кога траумата трае со години, се случуваат многу мали замрзнувања во сите можни ситуации – раскажува Goodwin.

Aquaron објаснува дека дисоцијативното нарушување на личноста и нарушување на идентитетот нема да му се случи на секое дете кое преживеало траума, тоа нарушување се случува кога во околината на детето нема нормален однос со возрасна личност со која може да се поврзе.

Луѓето со ова нарушување се деца без родителска љубов

Во психологијата, поврзувањето има точно одредено значење, а го дефинира врската меѓу бебето и возрасниот кои се грижи за него емотивно и физички, учејќи го како да управува со своите емоционални и социјални реакции на дразби од околината. Без таа врска, која е уништена со злоупотреба или занемарување – детето кое проживува траума е оставено само да се грижи за себе.

– Искуството кое ние, луѓето со дисоцијативно нарушување на личноста, го немаме од раниот детски развој е помош на возрасното лице во учењето како да се однесува и да живее – објаснува Goodwin.

– Децата кои ќе развијат безбедни односи со своите родители најчесто во животот полесно се справуваат со сите неволји. Нивните општествени односи се посилни, полесно се справуваат со проблемите, заработуваат повеќе и поуспешни се во борбата за себе – објаснува психологот Wendy Johnson.

– Без единственото чувство за себеси, кое носи стабилност и емотивни врски со семејството, одделените идентитети можат да влијаат врз нечија личност. Melanie има анорексичен дел и дел кој двапати се обидел да се самоубие кога бариерите помеѓу личностите почнале да се рушат, бидејќи за неа тоа било неподносливо. Нејзината три годишна личност е многу плашлива и се замрзнува во ситуации кои ја потсетуваат на траума од минатото, како што е машкото одење или машки парфем. Од друга страна, шеснаесетгодишната сака да флертува со луѓето околу себе – вели Aquarone.

Живот проживеан на половина

Бидејќи сеќавањата на една личност не им се секогаш на располагање на другите личности, некои луѓе со дисоцијативно нарушување “губат” многу време – често се чувствуваат како да скокаат по две или три недели нанапред.

– Некои луѓе имаат афера. Мислам, тоа не се вистински скандали, бидејќи тие не се сеќаваат дека се во брак – вели Goodwin, за која е најголемиот проблем што не може да го подреди текот на настаните во својот живот.

– Како деца, се раѓате и имате временска линија на која поставувате сѐ што се случува и која поминува низ целото ваше битие. Ако вашата личност е фрагментирана, ја немате таа временска линија. Знам дека сум во брак, но мојата доминантна личност била на страна и гледала што се случува, но не била ангажирана – објаснува Goodwin.

Концептот на вистинското јас

– Се сеќавате на Сенди од Брилјантин, која во средината на филмот престанува да биде добар човек, облекува кожени панталони, става шминка и станува фраерка? Тоа е само еден пример на промена на однесување кој е дизајниран со цел да добие потврда од врсниците и да би се чувствувала прифатена во општеството. Случајот на Сенди го користеле за пример на “вистинскиот јас” во истражувањето, психологот Nina Strohminger и нејзиниот колега од Yalea.

– Од друга страна, пак, замислете човек кој е многу побожен, а има хомосексуални нагони. Неговата вера му забранува да се однесува во согласност со своите инстинкти, па секој ден се бори со нив. Која личност е вистинската личност? Дали е тоа личноста која им се противи на хомосексуалните склоности или е личност која ги проживува? – прашува Strohminger.

– Одговорот е дека тоа зависи од тоа кого прашувате. Ако ги прашате либералите, ќе одговорат дека правата личност е онаа која чувствува хомосексуални склоности, но ако ги прашате конзервативците одговорот ќе биде дека вистинската личност е онаа која се противи – продолжува Strohminger.

Моралот како дел од личноста

Nina Strohminger верува дека дел од личноста е и човековиот морал. Точно е дека однесувањето е фундаментално кај човековата личност. Во експериментите кои ги вршела ги проверувала кај луѓето со Алцхајмерова болест, како нивните семејства ги доживуваат овие луѓе, кога тие ќе ги изгубат своите спомени и образецот на однесување. Испитаниците, семејствата на луѓето со Алцхајмеровата болест, во поголема мера одговориле дека нивните најблиски станале различни кога им се променило чувството за морал, а не кога тие ја загубиле меморијата.

– Моите личности имаат различно чувство за морал, но мислам дека тоа е последица на различни животни искуства кои личностите ги имале – вели Goodwin.

Борбата на Melanie

– Пред четири години деловите од мојата личност почнале да се преклопуваат, ѕидовите почнале да паѓаат. Тогаш во библиотеката, каде што работев, ја пронајдов книгата Стадо, напишана од Joan Frances Casey во која таа го опишала нејзиниот живот со дисоцијативно растројство на личноста. Едно утро, го прашав мојот сопруг, со кој сум веќе 20 години, што мисли за тоа, на што одговори дека тоа има смисла. Ми ја раскажа анегдотата со кафињата, во која едно утро одвај го дочекувам утринското кафе, а наредното утро му велам дека сум алергична на него. Тој ми објасни дека со години не знаел што да мисли и всушност никогаш не ги разбирал тие мои промени, на пример, околу кафето – раскажува Goodwin.

Всушност неверојатно е дека нејзиниот сопруг 20 години не се посомневал дека нешто не е во ред, но Goodwin тоа го објаснува дека нејзината доминантна личност е жена од триесет години, која е мајка, жена и работничка. За разлика од некои луѓе кои страдаат од дисоцијативното нарушување Melanie верува дека таа е возрасна жена, доминантна личност, а другите личности се појавуваат како оние другите личности, создадени од траумата.

Денес, по безброј терапии, Melanie е директор на Првата личност во плурал, асоцијацијата која го промовира познавањето на дисоцијативното растројство на личноста, и неодамна, заедно со д-р. Aquaron, ја организирала првата конференција на која се разговарало за начините на кои може да им се помогне на луѓето да ја дијагностицираат и лекуваат болеста. На конференцијата присуствувале голем број општи лекари, како и приватни лекари, психолози и педагози. Со конференциите и обуките, во работата Melanie вклучи и чести разговори со психолози, психијатри, лекари на општа пракса и негуватели, кои ги запознава со дисоцијативното нарушување.

– Дури денес, 10 години откако ѕидовите помеѓу моите личности се урнаа, можам да живеам живот кој не е базиран на самите основи на функционирање. Мојата доминантна личност, ЈАС, ги слушав своите други личности и нивните приказни и искуства, и дури неодамна сите тие личности почнале да го делат животоот на доминантната личност заедно – објаснува Goodwin.

– Во некои моменти морав да ѝ дозволам на шеснаесетгодишната личност да го облекува моето тело и на работа да одам со велосипед, бидејќи таа не вози. Но со компромиси дојдов до поделба дека возрасната личност работи, шеснаесетгодишната е главна наутро и навечер, тригодишната личност гледа Teletubbies-и и игра со мечињата во вечерните часови, а старата шеесеттгодишната седи кај психијатарот и прераскажува сѐ што нѝ се случува кај него – продолжува Goodwin.

– Сега сите мои личности се со мене, но делиме еден живот, една временска линија. Ние не сме една, но се согласуваме да живееме заедно во хармонија, кое обично добро функционира – заклучува Goodwin.

loading...