Се носи пастелно | Чевлите во овие бои ќе доминираат во наредните месеци

809

Минатата година бевме сведоци на големото враќање на трендот на белите чевли. Иако негативната репутација во модната ера на 80-тите години успешно беше решена, во наредните месеци најголема конкуренција ќе претставува трендот кој својата слава, исто така, ја доживеа во 80-тите години.

Тоа е тренд на чевли во пастелни тонови кои, како бели верзии, честопати предизвикуваат големи дебати во модата.

Дека трендот на чевли во пастелни нијанси навистина ќе доминира во пролетната сезона, доволно е да се погледне во претстојните колекции на дизајнерските имиња како Викторија Бекам и пролетната понуда на high street брендовите.

Поранешната Спајс девојка, а денес успешен моден дизајнер Викторија Бекам е една од главните виновници за враќањето на пастелните нијанси на чевлите, како виолетовата, сината, розовата и бојата на фстаци.

Во колекцијата за новата сезона пролет/лето Викторија Бекам на модната писта претстави мноштвото чевли со високи потпетици во пастелни нијанси, а high street брендовите како што се шпанската Зара и шведскиот H&M, одлучиле да го следат нејзиниот пример, па лансирале многу модели со пастелни чевли по пристапни цени.

Според зборовите на модните експерти, ако сте доволно храбри – размислете за носење пастелни чевли со торба со идентични нијанси или во комбинација со парчиња облека во тие нежни тонови.

loading...