Се опијанила, станала агресивна, па направила штета од 300 000 $

1499
Booking.com INT

Lindy Lou Layman (29), на првиот состанок со познатиот адвокат Anthony Buzbee (49), се опијанила и направила штета на неговота уметничка колекција, што вклучува и две слики од Andy Warhol.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Предизвиканата штета изнесува 300.000 $, а Layman била уапсена веднаш по состанокот, но подоцна била ослободена со кауција од 30 000 $.

Buzbee им изјавил на полицајците дека Layman испила премногу на состанокот, па и повикал превоз кога пристигнале во неговиот дом.

Таа одбила да си замине и се скрила во неговиот дом. Кога повторно ја нашол и повторно повикал превоз, таа станала агресивна, при што турнала неколку слики, а неколку и полила со вино додека извикувала пцости.

Исто така скршила и две скулптури во вредност од 20.000 $. Оштетените слики на Warhol во судските документи се заведени со вредност од 500 000 $ секоја.

Anthony Buzbee е судски адвокат од висок профил во Тексас, кој бил домаќин на тогашниот кандидат Donald Trump во неговиот дом за собирање финансиски средства во 2016 година. Тој, исто така, наводно, донирал 250.000 $ за кампањата на Trump.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...