Се отвора најголемиот тунел во светот | Фото/Видео

362

Во Швајцарија ќе биде отворен најдолгиот тунел во светот наречен Готар, кој ќе поминува низ срцето на швајцарските Алпи и ќе го поврзе централниот кантон Ури со јужниот дел на земјата.

Тунелот долг 57 километри, чинел околу 12 милијарди швајцарски франци, а изграден е од 2.400 работници, и свечено ќе биде отворен утре.

Готар1

loading...

Сега патувањето со воз од Цирих до Милано ќе трае два часа и 40 минути.

Готар2-001

Тунелот Готар така ќе го надмине јапонскиот тунел Сеикан кој со 53,9 километри досега беше најдолгиот во светот.

Готар100

Официјално отворање на тунелот е планирано на 1 јуни, а освен швајцарски официјални лица ќе присуства и претседателот на Франција, Франсоа Оланд, канцеларката на Германија Ангела Меркел и премиерот на Италија Матео Ренци.

Готар4-001

Целосната употреба на тунелот ќе почне во декември оваа година.

Готар3-001

Идејата за изградба на овој тунел е дадена од швајцарскиот инженер, Карл Едуард Грунер во 1947 година. За да биде тунелот изграден, ископани се повеќе од 28 милиони тони карпи.

Изградбата официјално почна во 1999 годна, но имаше многу бирократски и финансиски проблеми, поради загриженост за одржливоста на проектот.

dailymail.co.uk

loading...