Се отвора првиот хотел со 5 ѕвезди за кучиња и мачки | Видео

1104

Луксузни соби, базени за игра, па дури и можност за видео-чет на сопствениците се составен дел на новиот хотел за домашни миленичиња со 5 ѕвезди на аеродромот во Аделаида во Австралија.

Кучињата, мачките, а веројатно и други мали домашни миленици ќе можат да уживаат на одмор во првиот хотел со 5 ѕвезди наменет само за задоволство на нашите домашни миленичиња.

Директорот Арон Чија вели дека се проценува дека инвестираните девет милиони долари ќе се вратат за девет години.

loading...

„Ќе обезбедиме најквалитетна грижа за кучиња и мачки кои ќе престојуваат во нашиот хотел додека нивните сопственици исто така се на одмор”.

Хотелот ќе има 262 стандардни и луксузни соби, соби за игра во хотелот и надвор од него, фризерски салони, базени за миленици, ветеринарна ординација и терени за трчање.

Тоа што е најинтересно е дека приватните соби за домашните миленици имаат и телевизор преку кој миленичињата ќе можат да „скајпуваат” со своите сопственици.

loading...