СЕ ОТКАЖАЛА ОД ДИЕТИ | “Вистина е. Дебелината ми помогна повторно да го засакам своето тело”

1552

Убавица со интимна исповед проговорила за поинаква трансформација.

Австралијка со адреса во Лос Анџелес La’Tecia Thomas (26) неодамна изјавила за утринската програма како и зошто станала plus size модел.

Таа тврди дека е многу посреќна во новото тело откако големината 6 (S) ја зголемила на големина 16 (XL), откажувајќи се од екстремни диети и исцрпувачки вежби.

loading...

Thomas тврди дека нејзината телесна тежина повторно ѝ помогнала да го засака своето тело.

На австралиската телевизија, таа зборуваше за новиот изглед.

– Сѐ уште вежбам, но не мислам на броевите, и не тренирам три часа секојдневно како што некогаш сум правела. Но, сега имам урамнотежен живот. Посреќна сум отколку што бев претходно, сега водам здрав начин на живот. Ништо немаше да се промени ниту кога сега би ја намалила телесната тежина, раскажа таа.

Таа зборуваше и за негативните коментари кои ги прима секојдневно на социјалните мрежи.

– Секое лошо за некое добро. Многу млади девојки ми се јавуваат на возраст од 14 и повеќе години. Тие плачат и ми велат дека секој ден им се потсмеваат и ги понижуваат. Тие се среќни дека ме пронашле. Ми кажуваат дека сум позитивна и дека во мене гледаат пример. Тоа е неверојатно, рече таа трогната.

Исто така, ги истакнала и погрешните мотиви кои луѓето ги имаат за пополнетите манекенки.

– Луѓето мислат дека дебелите жени не вежбаат или не се грижат доволно за себе, рече La’Tecia Thomas, откривајќи дека најомилена вежба и е онаа во која вложува максимален напор.

– Многу девојки во модната индустрија се многу активни и нормално јадат, рече таа, нагласувајќи дека никогаш не се чувствувала под притисок да добие на тежина, и да ја стават во категоријата plus size модели.

– Јас работам за две агенции и таму ме сакааат ваква каква што сум. Ми рекоа да останам таква, објасни La’Tecia Thomas.

Таа има желба да прошета на модната ревија на познатата Модната недела во New Yorku.

loading...