Силен земјотрес го потресе Сплит | ВИДЕО

9216
Booking.com INT

Преплашени, луѓето бегале од згради. Од Диоклецијановиот аквадукт на патот паднала карпа тешка 50 килограми!

Bitcoin Exchange CEX.IO

Според достапните информации, земјотресот бил почувствуван во Средна Далмација.
Прво се слушнал длабок, подмолен татнеж кој станувал сѐ посилен, а потоа земјата силно се појавил земјотрес. Тоа се случило во петок во Сплит и околината две минути пред 14 часот. Луѓето од кафулињата, банките, истрчале надвор, на улица, но по, помалку од 10 секунди, земјотресот стивнал.

Според првичните информации, нема жртви, ниту материјална штета, бидејќи еден час по земјотресот, никој не пријавил оштетувања. Сеизмолозите објавиле појава на земјотрес од 4,9 степени по Рихтеровата скала чиј епицентар бил во Јадранското Море, на длабочина од 10 километри, и три километри западно од Слатина на Чиово, што е 11 километри од Сплит. Во сплитската Варош, во стариот дел на градот, паднале стоки од полиците во една продавница, паѓале и слики од ѕидовите, но, според првичните информации, нема штета. Службата 112 имала голем број на повици од исплашени луѓе, но оштетување на имот никој не пријавил.

Луѓето се исплашени, повикуваат од сите делови на Далмација, повеќе сакаат да пријават или да слушнат што се случило, но досега никој не пријавил штета – соопштуваат од бројот 112. Полицијата, исто така, вели дека собираат информации, но немаат пријавени штети.

Најтешко им беше на луѓето во кулите, во лифт. Пожарникарите имале две интервенции, од кои и двете биле поврзани за спасување на луѓето кои останале заглавени во лифт откако снемало струја. Градоначалник на Сплит Иво Балдасар изјавил дека сите служби се во состојба на готовност.

split-zemjotres

– Бев на состанок, во приземјето на зградата и можам да ви кажам дека добро се почувствува земјотресот. Од она што го слушав, директорите ги пуштија децата од училиште, се плашат повторно да не затресе. Сега сум на пристаништето, прекрасен ден, Божиќен саем, сѐ е добро – порача градоначалникот Иво Балдасар.

Меѓу луѓето, земјотресот бил главна тема. Оние чувствителни 15 минути по првиот, го почувствувале и вториот кој бил со значително помал интензитет.

Во Сплит, во становите на горните катови на зградите се забележани мали штети поради скршени стаклени предмети кои паѓале од полиците. Дел од станарите од повисоките згради излегле од своите станови и деловни простори на плоштадите и улиците во страв од нов земјотрес.

split-zemjotres2

Сплитската полиција забележала неколку повици од вознемирените луѓе, претежно постари лица. До сега, тие немале информации за поголема штета, како и за повредени лица.

Според фотографиите кои кружат на WhatsApp и Viber, испукал еден пат на една крстосница во Сплит.

Сплитскиот центар 112 добил повеќе од 150 дојави од вознемирените граѓани од кои некои јавиле дека помалку е оштетен и археолошкиот локалитет Диоклецијановиот аквадукт од кој на патот паднало парче тешко околу педесет килограми.

split-zemjotres3

Диоклецијановиот аквадукт е најдобро зачуваниот објект од ваков вид во Хрватска. Како што операторите изјавиле за Хина, меѓу дојавите имале и повик на граѓанин кој тврдел дека за време на земјотресот на патот кон Кареповац гледал како од Диоклецијановиот аквадукт на патот паѓа материјал, како и дека во тој момент никој не се движел по патот, немало повредени или материјална штета.

– Ние забележавме неколку дојави на прекин на електрична енергија во Трстеник, Каштел Нови и Каштел Лукшиќ. Имавме и неколку дојави за престанок на работата на семафорите на неколку градски крстосницит – рече еден оператор во Центарот 112
Земјотресот бил почувствуван во централна Далмација

– Денес, 9 декември, 2016 година во 13 часот и 56 минути сеизмографите од Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележале силен земјотрес со епицентар во морето во близина на Сплит. Големината на земјотресот бил 4,6 според Рихтеровата скала и интензитетот на епицентарот беше VI. степени по Mercalli-Cancani –Sieber-говата скала. Според достапните информации, земјотресот бил почувствуван во централна Далмација – објавенo e на Одделот за геофизика на Природословно-математичкиот факултет.

split-zemjotres4

– Никогаш не сум почувствувал земјотрес како што беше овој – е реакција на еден жител на Сплит, објавено е на страницата EMSC-CSEM.

– Краток, но моќен и гласен. Навистина ме преплаши – е втората реакција.

– Тресеше од 5 до 10 секунди, а потоа се слушна силна и гласна детонација – е искуството на луѓето од Стобреч.

– Тресеше една добра минута, снема струја. Детонираше, ушите да те заболат. И 15 минути подоцна се почувствува поблаго и пократко тресење- соопшти Антонела од Каштел.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...