Симболика на трпезата на Бадник | Што значи храната која ја јадеме во очи на Божик?

13

Грав, мед, ореви – зошто оваа храна е задолжителна на вашата маса? Прочитајте што симболизира…

Бадник се карактеризира со традиционална заедничка вечера на која се собираат сите членови на семејството. Но, зошто се јаде одредена храна? Што претставува таа? Што не смее да недостасува на вашата трпеза таа вечер?

Многу етнолози го истакнуваат значењето на традиционалното мени за време на Бадник.

Така, на пример, Веселин Чајкановиќ открива неколку основни карактеристики на Бадник.

Овој настан ги обединува сите членови на семејството, а многуте обичаи се поврзани со јадења, кои мораат или не треба да се јадат, и се чини дека носат одредено симболично значење.

Од јадења се подготвува грав, кисела зелка, пита од ореви (или вишни) и риба. Од оваа вечера не треба да биде изоставена и печената тиква, која се јаде за децата во текот на годината да немаат красти на главата.

На трпезата за Бадник, не смее да изостане и медот, кој се јаде со ореви, а по Бадник, во куќата се чува како лек.

Традиционално, пред да почне вечерата, домаќинот зема сито со ореви, избира четири ореви и секој го фрла во еден ќош. Таквиот обичај потекнува од античките народни верувања. Имено, оревот е храна за злите сили и лоша енергија, па така фрлањето на ореви може да се толкува и како фрлање на мамка, која сето лошо ќе го испрати од домаќинот и другите од семејството, по што вечерата треба да протече во мир.

Меѓутоа, некои толкувања укажуваат дека фрлените ореви се однесуваат и на нашите предци, и дека овој чин треба да ги смири.

Според народното верување, оревот се јаде само за Бадник, додека другите денови на Божиќ не се допира, за да не се страда од чирови.

На етнолозите им е уште појасна симболика на гравот на трпезата. Имено, верувањето што ни доаѓа од индо-германските народи сведочи за тоа дека гравот е омилено јадење за душата на покојниот. На овој начин, во текот на Бадник, се воспоставува симболичка врска со нашите предци, кои токму преку јадењето доспеваат во врска со неговите генерации, давајќи им сила и поттикнувајќи ги на просперитет.

Слична улога на вечерата игра и медот, додека риба има ритуалното значење, чие потеклото не е толку познато, но во средниот век, се врзувало за симбол на Исус Христос.

Сепак, на Бадник, симболична улога нема само храната, туку и пиењето. Еден од обичаите е дека ракијата или виното не смеат да се пијат до крај, односно садот не смее да остане празен, а последната чаша се враќа назад. Знаеме дека виното симболизира крв и овој обичај е многу јасен, особено ако се додаде фактот дека виното од масата не треба да се истури или да се фрли.

За време на вечерата, никој не станува, луѓето се чекаат едни со други, и кога сите ќе завршат со јадењето, стануваат во исто време, а исто така е многу важно во текот на овој период семејството да биде обединето и сложно. На овој начин, Бадник е еден извесен помен на  предците, но и потсетување на тоа, колку е важно семејството и слогата во него.

Курир – Белград

loading...