Сите зборуваат за семките од лубеница, но кога ќе слушнете што можат семките од диња, постојано ќе ги користите

4701

Дињата (лат. Cucumis melo) е едногодишено растение кое му припаѓа на семејството Cucurbitaceae. Се одгледува главно во Азија, САД, Мексико, но исто така и во многу медитерански земји. Се наречкува уште мелон, дина, пекун,пипун и пепун. Се одгледува во градини и насади. Цвета во почетокот на летото, а се бере на есен.

Плодот на дињата е од овална форма. Обично долго 15-22 см и тешка од 1-2 килограми. Таа има многу убав мирис и вкус. Тврдата лушпа може да биде мазна, збрчкана или мрежаста со лобуси.

Во внатрешноста, делот за јадење е обично портокалова или светло зелена боја, а празнината е исполнета со семиња. Стеблото е висок 2-3 метри. На темно зелените листови по рабовите се назабени. Наизменично се наредени на долги петелки.

Плодот на дињата содржи 95% вода, 1% протеини, 5,5% шеќер, 1 g растителни влакна, лимонска киселина и есенцијално масло. Од витамините содржи многу каротин, витамин Б и витамин Ц, а од минералите богата е со калиум, фосфор, магнезиум, калциум, железо, цинк и бакар. Енергетска вредност во 100 грама изнесува 100 kJ (24 калории).

Како што можете да заклучите, дињата е нискокалорична и богато со витамини и минерали, содржи голем процент на вода, што ја прави идеална за освежување во текот на жешките летни денови. Но најздравиот дел од дињата обично завршува во ѓубре, бидејќи ги отстрануваме и фрламе – семките.

Во Индија семките од дињата се најскапоцениот дел кој се користи во секој дом.

По отстранувањето на центарот на дињата, кончестите влакна заедно со семиките се сушат на хартија, а потоа, по сушењето влакната се одвојуваат од семките. По овој процес, семките треба да се измијат темелно под млаз вода и да се исушат и складираат.

Семките од дињата се богати со протеини, омега-3 масни киселини, витамини и растителни влакна. Според Ајурведа (традиционалната индиска медицина) семките од диња имаат разладувачки ефект и се идеални за јадење во текот на летото.

Во Индија, мелените семки од диња се додаваат во Lassa (пијалок направен од јогурт) и thandai (ладно млеко со зачини), а целите семики во слатките и алвата. Тие можат да се додадат во лебот и белите печива (на пример као семките од тиква или сончоглед) или во торти и колачи (како на пример оревите или лешницире). Тие можат да се јадат сами, како здрава ужина.

loading...