Сите зборуваат за херојскиот потфат на татко кој се фрлил пред комбето за да го заштити своето семејство

6566

СИТЕ ЖРТВИ НА СМРТНИОТ ПОХОД ВО БАРСЕЛОН

“Малиот Александар ќе оди во основно училиште, свесен дека неговиот живот и семејството повеќе нема да бидат исти. Размислуваме и малата Арија, која не ја видела со свои очи страшната сцена, но никогаш нема да го запознае својот татко”, напиша на Фејсбук еден од колегите на 35-годишниот Бруно Gulotta, прва со име и презиме идентификувана жртва на бруталениот напад на популарната Рамбли.

Овој италијански државјанин, е еден од 14-те жртви на двојниот терористички напад, како во Барселона, така и во крајбрежниот туристички центар Cambrils, додека најмалку 100 лица се повредени. Жртвите потекнуваат од дури 34 земји во светот.

Bruno Gulotta

Го спасила синот

Колегите на Бруно во шок вчера ја следеле веста за неговата смрт, кршејќи се над трагедијата која се случила на неговото семејство. Дека неговиот живот нагло е прекинат дознале во четвртокот вечерта, неколку часа по нападот.

“На Фејсбук ги објавувал етапите на неговото патување и се чинело дека сè оди како што човек и очекува од годишниот одмор. Фотографијата од Кан, па една од Рамбли во Барселона. И тогаш се случи тоа што никој не го очекува: смртта на еден млад човек, татко и партнер на мајката на неговите деца”, напишал друг колега на веб старната Tom’s Hardwarea од Легнано на северот на Италија, компанијата каде што тие работеле.

Колегите на 35-годишниот Бруно, пренесуваат медиумите, многу го почитувале и сакале. Сите знаеле кој е тој, еден од нивните продавачи на компјутери, и му завидувале на рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот која успеал да ја одржи.

Во времето на нападот, Бруно шетал со своето семејство меѓу туристите по омилената улица. Одел држејќи го за рака својот петгодишен син, додека неговата сопруга Мартина ги следела зад нив, носејќи ја во носилката нивната малечка, седуммесечната ќерка Арија. Кога комбето им се приближило, заканувајќи се дека ќе ги згази, Мартина успеала некако да го зграпчи нивниот син Александар, но не и Бруно. Тој завршил под тркалата. Медиумските извештаи велат дека тој починал на самото место. Дел од медиумите, исто така, ја спомнуваат верзијата според која Бруно херојски скокнал за да ја заштити својата сопруга и децата, при што загинал.

Luca Russo

Италијанското Министерство за надворешни работи потврдило дека во нападот е убиен уште еден нивни државјанин, 25-годишниот Лука Русо. Тој бил на одмор со свршеничката која е повредена. Младиот Италијанец е од Тревизо кој се залагал за мир и зачувување на животната средина, а неговата последна порака на Фејсбук гласи: “Ние се раѓаме не носејќи ништо, умираме носејќи ништо, а во меѓувреме се расправаме за нешто”.

Официјално беше потврдено дека во нападот на Рамбли загинала и 44-годишната Белгијка Елке Ванбокрирок од Тонгерен. Околностите на нејзината смрт засега не се познати, но медиумите известуваат дека летувала со својот сопруг и синовите. Потресните вести пристигнале во текот на целиот вчерашен ден.

Elke Vanbockrijck

Излегува дека досега најмладата жртва на ужасниот напад е тригодишно девојче засега уште со непознато државјанство, кое починало откако бил однесен во болница, а лекарите, наводно, се борат и за животот на петгодишното девојче кое има крварење во мозокот. Во болница, според информациите достапни досега, примено е и петгодишно момче кое има скршеница на ногата.

Се раздвоиле во хаосот

Но, за некои сѐ уште панично се трага.

На најлошо, за жал, има сомнеж во случајот на 7-годишното момче Julian Cadman. Тој, известуваат медиумите, се одделил од својата мајка Jumari, односно Јом како што ја нарекуваат, во времето на нападот. Таа била хоспитализирана во сериозна состојба, медиумите јавија дека е во кома, а момчето исчезнало без трага.

Julian Cadman

Апел во кој бара помош и информации за Јулијан го објави неговиот дедо Тони, додека таткото на момчето Андреј отпатувал за Лондон за да помогне во потрагата на својот син. Со синот последен пат се слушнал неколку часа пред нападот.

Јулијан и неговата мајка во Барселона биле поканети на свадба. Јулијан, покрај австралискиот, исто така, има и британско државјанство и е роден во Британија. Неговото семејство тврди дека во времето на нападот носел бела кошула и шорц.

Jared Tucker и Heidi Nunes – Tucker

Како една од жртвите идентификуван е Американецот Jared Tucker, 42-годишен градежник. Тој и неговата сопруга, Heidi Nunes, биле на одмор и се разделиле во хаосот на нападот. Инаку, од Walnut Creek во Калифорнија, двојката ја прославувала првата годишнина од бракот во Европа. Во моментот кога од никаде се појавило белото комбе, тие пиеле пијачка. “Следно нешто што знам е дека слушнав врескање, викање. Ме оттурна во продавницата за сувенири каде што се скрив додека другите вриштејќи бегаа, изјави таа за NBC. Но, на нејзиниот сопруг му се изгубила секоја трага. Дури во петокот вечер ја повикале на идентификација на телото.

Меѓу жртвите, исто така, се спомнува и името на 60-годишниот Шпанец Франсис Лопез Родригез од Гренада, кој, наводно, исто така, како и Бруно, починал на самото место. Неговата жена е сериозно повредена. Дел од медиумите известуваат дека загинале и тројца германски граѓани.

loading...