Скандал на доделувањето на наградите за најдобри фудбалери на ФИФА

1723
Booking.com INT

Свечениот настан во Цирих во понеделникот, на кој Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги додели наградите за најдобри фудбалери за изминатата 2016 година, сепак не пројде без скандал.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Швајцарските медиуми јавуваат дека уште додека траела церемонијата, некој украл шест луксузни часовници од марката „Хаблот“, наменети за лауреатите. Нивната вредност изнесува 100.000 евра.

На добитниците на крајот им бил врачен резервниот сет часовници, па така бил избегнат и поголем срам.

Организаторите од ФИФА веднаш ја алармирале полицијата. Истрагата се уште трае.

Во случај часовниците да бидат пронајдени, повторно ќе им бидат врачени на фудбалерите.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...