Скриена атракција на Албанија | “Blue Eye” | Видео

3971
Booking.com INT

“Blue Eye” – Syri i Kaltër е чуден споменик на природата кој се состои од 18 извори на вода од варовита почва, создавајќи уникатна убава глетка.

Bitcoin Exchange CEX.IO

“Blue Eye” – Syri i Kaltër се наоѓа 25 километри од Саранда, на патот кон Tepelenë, во близина на Musinе импресивно традиционално село од камени куќи, меѓу борова шума, меѓу елки, лешници, ореви и овоштарник од цреши, кои како и другите плодови на територијата на Албанија и тука успеваат.

Овој геолошки феномен е од тектонско потекло и создава извори за кои тие веруваат дека настануваат со меандрирање на долината на реката Дрим.

Се одликува со сина боја и единстевна проѕирност на водата.

Овална по форма, водата е темно сина во средината, а посветла по рабовите така што изгледа како човечко око.

Длабочината е непозната, а протокот на водата е толку голем што ако се фрли камен во изворот по извесно време се враќа на површината. До сега е заронето до 50 метри.

Денеска е излетничко место. За време на комунизмот била забранета територија за обичните луѓе, а пристап имале само партијската елита.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...