Сладолед од манго

292
Сладолед од манго

Освежително слатко задоволство …

Потребно 

  • 2 поголеми зрели манга
  • 250 мл кокосово млеко
  • 30-60 гр мед
  • 125 мл кондензирано млеко
  • 100 мл рум со вкус на манго (по желба)

Подготовка

  • Користете 1 свежо и 1 замрзнато манго (прво исечете го на коцки па замрзнете го, но не потполно).
  • Сите состојки (само едното, замрзнатото манго) ставете ги во блендер и сомелете ги во хомогена смеса. Ако сакате додадете рум.
  • Во зависност колку е слатко мангото додадете мед по вкус.
  • Другото манго исецкајте го на коцки и сомелете го во блендер. Смесата сипете ја во пластичен сад и ставете ја во замрзнувач да се стегне барем неколку часа. По два часа извадете ја и изматете ја повторно со миксер. Покријте ја со пластична фолија и ставете ја повторно во замрзнувач.
  • Во еден сад измешајте ги сладоледот и смесата од манго но не сосема, оставете да остане сладоледот шарен. Повтѕорно вратете го во замрзнувач и оставете да стои најмалку 2 часа.
loading...