Сладолед со чија семки

270

Вкусно и фино …

Потребно
300 мл слатка павлака
3 жолчки
75 гр шеќер
1 стапче ванила
50 гр чија семки

Подготовка

loading...

*Ставете да се вари 100 мл слатката павлака, шеќерот и стапчето ванила на умерена температура. Оставете по малку да врие околу 1 минута.

*Тргнете го садот на страна и додадете ги трите жолчки и преостанатата слатка павлака со постојано мешање. Вратете го садот на рингла околу пола минута. Внимавајте да не почне да врие.

*Потоа додадете ги чија семките, полека измешајте и оставете смесата да се излади.

*Оваа смеса ставете ја во машина за сладолед, а ако немате машина тогаш убаво изматете ја со миксер.

*Сладоледот ставете го во замрзнувач најмалку 12 часа убаво да се стегне.

loading...