Слатки пецива со џем

524
Booking.com INT

Потребно 

  • околу 780 гр брашно
  • 20 гр свеж квасец
  • 250 мл вода
  • 250 гр путер, на собна температура
  • 100 гр шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 2 јајца
  • џем по желба
  • шеќер во прав, за посипување

Подготовка

– Во еден сад издробете го квасецот, посипете со малку шеќер и полијте со 250 мл топла вода. Садот оставете го на топло место и почекајте да стаса квасецот.

Bitcoin Exchange CEX.IO

– Путерот изматете го со миксер заедно со шеќерот. Додадете ги јајцата и повторно изматете. Потоа додадете го и стасаниот квасец и убаво измешајте.

– Почнете со постепено додавање на брашното. Можеби нема да го искористите целото брашно, зависи од густината на тестото. Треба да добиете меко тесто кое нема да ви се лепи на рацете. Месете го околу 5 минути. Оставете го 1 час да нарасне.

– Нараснатото тесто поделете го на 2 дела.

– Земете го едниот дел и развлечете го во форма на правоаголник со дебелина од 0,5 см. Половина од правоаголникот премачкајте со џем и преклопете го тој дел со не намачканиот дел. Со нож исечете го на ленти со околу 2 см широчина. Потоа секоја лента засечете ја по среднината и поделете ја на две ленти, но оставете ги споени на краевите. Испреплетете ги. Споите ги краевите. Редете ги во тава обложена со хартија за печење. Истата постапка повторете ја и со другото тесто. Оставете ги околу 30 мин да нараснат уште малку.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 15 минути, додека да добијат убава златно-кафена боја.

– Оставете ги да се изладат, посипете со шеќер во прав и послужете.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...