Снимка која ја змрзнува крвта о жилите | Видео

1067

На половина пат од летот над океан експлодирал моторот на авионот, а преплашените патници низ прозорецот гледале како парчињата летаат на сите страни.

Патниците од летот на United Airlinesa од Сан Франциско до Хонолулу најверојатно нема повторно да седнат во авион по невидената драма која ја преживеале над Пацификот неколку стотини километри оддалечени од Хаваи. Всушност среде летот, еден мотор на авионот буквално експлодирал, а преплашени патници низ прозорците гледале како парчиња од мотор летаат насекаде.

Тие поприбраните ги зеле своите мобилни телефони и ги снимале остатоците од моторот, кој се треселе, а во еден момент се чинело дека целото крило ќе се распадне. За среќа, тоа не се случило и пилотот успеал безбедно да го спушти Боингот 777-222 на земја.

Драмата започнала 35 минути пред да слетаат во Хонолулу кога се слушнала силна експлозија, пишува Гардијан.

“Никогаш во мојот живот толку не сум се исплашила”, напишала една патничка, додека Ерик Хадад, инаку инженер во Google, малку поприбран, во последните половина час од летот снимил серија фотографии и видеа. Дури и во тие драматични моменти тој ја нашол смислата за хумор и покрај прозорецот се сликал со упатствата за безбедност.

“Не пишува ништо што треба да направиме во овој случај”, се пошегувал Haddad, додека во позадината е видлив призор на тешко оштетениот мотор.

Патничката Maria Falaschi рече дека тоа бил најлошиот лет во нејзиниот живот, но ја пофали реакцијата на пилотите и сопатниците во ситуација во која на никому не е сеедно.

– Секоја чест на пилотите и екипажот. Одлично нѐ подготвија за принудно слетување.

Од United Airlines дале кратка изјава дека авионот слетал безбедно во 12.38 часот по локално време и активно ќе учествуваат во истрагата за тоа што се случило.

Потоа, од United Airlines за Business Insider, рекоа дека авионот бил купен во 1994 година, и е еден од првите Боинзи 777 кој некогаш бил продаден.

loading...