Снимки на мозокот покажуваат дека медитацијата “ефикасно” лечи ментални болести

3378
Booking.com INT

Медитација, источната филозофија – која некогаш се сметаше за претенциозна – може ефикасно да третира и излечи ментални болести, сето ова е докажано со скенирање на мозокот.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Глава полна со мисли (проблеми) е заедничка/вообичаена за луѓето денес.

Медитација, која се практикува во многу делови на Индија и во деловите на Ислингтон (дел од пошироката област на Лондон со мешано население, вклучувајќи ги и луѓето кои потекнуваат од Азија и Индија.), е третман одобрен од страна на Министерството за здравство на Велика Британија, која ја комбинира конвенционалната психотерапија со техниките на медитацијата, дишењето и јога.

Во што е тајната?

Во седечка положба и обидот да не се мисли на ништо, со повремено изговарање: “Ommmm.”

Медитација се практикува во западното општество од седумдесеттите години на минатиот век, но има сè повеќе и повеќе докази дека медитацијата е исклучително ефективна. Истражувачите од најпочитуваните медицински центри во Велика Британија покажаа дека медитацијата може успешно да ја поништи депресијата.
“Психотерапија вклучува анализа на мисловни процеси на пациентите, со надеж дека со разбирање на истите, пациентите ќе успеат да направат позитивен напредок.

Внимателно разгледување и релаксација делумно ја вклучува и медитацијата, особено во делот на релаксација, The Daily Mail го цитираше Марк Вилијамс, професор по клиничка психологија на Универзитетот во Оксфорд, оддел за психијатрија, кој како еден од ко-авторите и основачите на многу варијанти на “внимателно разгледување на психата” развил техника на когнитивна терапија наречена „Mindfulness-Based Cognitive Therapy (MBCT).“

“Медитација е древна пракса на источната спиритуалната филозофија, која вклучува; седење, обично во тишина и фокусирање на една работа, обично на сензација на вдишување и издишување.”

Скенирање и снимање на мозочните активности на будистичките свештеници.
“Умот често ќе почне да талка и да размислуваат за други работи, тогаш е потребно нашето внимание полека и лесно да се врати на она на што се фокусираме (дишењето). Луѓето кои ова го прават на редовна основа се чувствуваат многу смирени. Благодарение на модерните снимки на мозокот кои ги мерат активностите на истиот, почнуваме да се разбираме зошто е тоа така “, рече Вилијамс.

Колегите на Вилијамс во САД и Канада успеаја да лоцираат делови на мозокот кои се менуваат во текот на медитација и резултатите се зачудувачки.

“Медитација помага да се намали активноста во делот на мозокот наречен амигдала, двојна жлезда, која ги контролира нашите чувства и стрес. Оние кои се под поголем стрес и се повеќе загрижени и нервозни, имаат хиперактивна амигдала. Медитација намалува хиперактивна работа на амигдалата.

“Исто така, постои и ефект кој медитацијата го има врз мозочната isnualа, дел од мозокот кој се занимава со длабоки емоции, на пример кога велиме” срцето ни е скршено “поради невозвратена љубов, ние чувствуваме некој вид на болка.”
“Нормалната активност на овој дел од мозокот е тесно поврзан со делот од мозокот кој процесира аналитички мисли. Ако имавме, да речеме, караница со партнерот не само што се чувствуваме страшно, туку почнуваме да размислуваме зошто се чувствуваме страшно, што ни кажува тоа за нашиот однос и што може да ни се случи ако не постапиме исправно/исправено “, изјави Вилијамс.

Кај лицата со ментална болест, овие делови на мозокот стануваат хиперактивни – нивниот начин на размислување на некој начин ги храни нивните емоции, кои создаваат уште повеќе мисли додека процесот на крајот станува неподнослив.
Медитација го спречува овој ненормален циклус со намалување на абнормални врски помеѓу insualа и деловите од мозокот кои прават многу анализа, сето тоа многу убаво може да се види на снимките на мозокот.

“Медитација не ги спречува луѓето да чувствуваат или мислат, туку ги одвојува овие два дела на мозокот, давајќи им можност на пациентите за повеќе контрола.
Ние дополнително пронајдовме во клиничките испитувања како внимателно разгледување на когнитивните процеси и медитација спречуваат повторување на депресијата. И може да се користи во комбинација со лекови “, рече Вилијамс.

Џенет Џонс (48) имаше дијагноза на тешка депресија, која и е констатирана пред десет години. На оваа мајка на две деца е презентиран Вилијамс MBCT метод 2008.
“Во почетокот бев многу скептична. Но постепено медитацијата стана дел од мојот секојдневен живот “, рече Џонс.

“Пред да почнам со медитација, тешко ми беше да станам од кревет, одам на работа, се чувствував сосема мизерно. Еднаш откако почнав со користење MBCT метода, мојот пристап кон животот се измени и подобри. MBCT и медитација ми ја вратија контролата врз сопствениот живот. Сега ми е сосема јасно, колку и да е нешто болно во мојот живот, ќе помине “, додаде Џонс.

Неколку едноставни совети за успешна медитација:

1. Правите медитација кога сакате и колку сакате.

2. Правете ја во позиција која најмногу ви одговара вам, дури и во лежечка позиција, нема потреба да седите во лотос позиција, ако тоа дополнително го попречува или ако оваа позиција е премногу тешка за вас, од суштинско значење е да се опуштите, ако заради позицијата не можете да се релаксирате медитацијата ќе биде неуспешна.

3 Дишете со стомакот односно со дијафрагмата фокусирајте се на длабоко дишење со дијафрагмата, од почеток тоа може да изгледа тешко, особено ако дишете неправилно со вратните и грбните мускули заради кои имате болки во вратот и грбот, но со вежбање дијафрагмата зајакнува.

4 Вдишувајте низ нос, издишување преку уста, онака како што правиме кога пееме. Овој начин дополнително релаксира.

5 Ако при медитација ви одговара музика слободно слушајте, ако музиката не ви одговара медитирајте без музика, најважно е за време на медитација да се чувствувате угодно.

6 Ако сте под голем стрес, обидете се најнапред да ги опуштите мускулите на јазикот и долната вилица, стресот силно влијае на мускулите: на јазикот, вилицата, вратот и грбот, бидејќи обично под стрес плитко дишеме и имаме згрчени овие мускули.

7 Ако, по медитација или за време на медитација заспиеме, тоа значи дека вашето тело и ум е опуштен, тоа значи дека медитацијата е успешна.

8. Главната цел е да се поттикне правилно функционирање на кранијалните нерви X или вагусниот нерв, кој го контролира телото со борба против стресот, и кој ја надгледува работата на сите внатрешни органи, поголемиот дел мускули од лицето и вратот, работата на очите, а кои директно влијаат на нашиот имунолошки одговор/одзив.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...