Собни растенија кои го чистат воздухот

179
Booking.com INT

Кога домот не се проветрува често, како што е случај во зимно време, свежиот воздух, ќе ви го обезбедат доброто распоредени растенија.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Зимските денови ќе го исполнат воздухот во просториите во кои престојувате со разни штетни супстанции, бидејќи во оваа годишно време ретко квалитетно проветруваме.

За да не ги почувствувате последиците, меѓународната иницијатива Растенија за луѓето направила листа од најкорисните собни растенија, кои ќе го филтрираат и ќе го освежуваат воздухот, ќе го исполнат просторот со повеќе кислород и ќе ги отстранат штетните материи.

Да го земеме за пример растението наречено Palma areca, кое ќе нарасне до 1,5 метри во височина, што го прави добро собно растение, а ќе произведува доволно кислород за една личност. Се смета за едно од најдобрите растенија за прочистување на воздухот.

Sansevieria е растение кое треба да го имате во спална соба, бидејќи нејзината специјалност е да го претвора јаглерод диоксидот во кислород, додека ѓаволовиот бршлен (Scindapsus aureus) најдобро ќе користи во дневна соба или канцеларија, затоа што многу лено го отстранува формалдехидот и другите штетни органски состојки на воздухот.

Формалдехидот ќе го отстрани ефикасно и зелената кала или планинската палма, која при тоа ќе го навлажни воздухот. Поточно, формалдехидот го има најмногу во дезодорансите и средствата за дезинфекција, па овие растенија можат да се чуваат и во бањата.

Канцелариите и просториите за работа се идеални за spatifilium кој ги апсорбира токсините од синтетичките материјали или бои, а бидејќи го неутрализира зрачењето од електронската опрема, поставете го во близина на телевизорот или компјутерот.

На крајот, засадете и гербери во саксија, со оглед на тоа дека го отстрануваат бензенот од воздухот, кој можеме да го најдеме во боите, лаковите, инсектицидите и детергентите, па одлично ќе го исчисти воздухот и ќе го наполнат со кислород во текот на ноќта, апсорбирајќи го при тоа вишокот на јаглерод диоксидот.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...