СОВЕТИ ЗА ПОЛЕСНО ЗАЧУВУВАЊЕ ВРСКА НА ДАЛЕЧИНА

1471

Секоја добра врска сама по себе носи проблеми и компликации, а физичката оддалеченост секако не е фактор кој ја олеснува таквата далечност.

Еве неколку совети кои би ви помогнале вашата врска на далечина да би функционирала со што помалку недоразбирања, со кои вашата љубов не би дошла до точка на оддалечување.

1. Дефинирајте ја сериозноста на вашата врска.
Врската на далечина сама по себе подразбира и ризик и жртвување, но ако навистина верувате дека сте еден за друг, тогаш тоа вам нема да ви биде битно. Пред да се впуштите во ваков однос морате да ги дефинирате условите. Дали вашата врска ке биде моногамна или ке се гледате и со други луге – оваа е првата работата што морате заеднички да ја утвртдите, како би постигнале јасна ситуација и би ги избегнале беспотребните кавги и љубоморни испади.

loading...

2. Одржувајте контакт секојдневно.
Без разлика дали тоа би било преку телефон, емаил, пораки. Бидете отворени и искрени еден со друг, тоа нема да биде лесно, но не е ниту време за ‘fake it until you make it’.

3. Планирајте што почесто посети.
Ако е можно гледајте се бар еднаш во месецот. Знаете колко е возбудливо кога вас, тој со кого сте излегле на прв состанок веке во следен момент ве прашува кога ке се видите и следен пат?

Направете таков шмек и во вашата врска на далечина. Не дозволувајте вашите посети да завршат, а да не сте разговарале за кога ке биде вашата следна средба.

4. Потсетувајте се да еден на друг пракате слатки мали гестови, како би ја ‘зачинувале’ вашата љубов иако е на далечина. Испракајте си пораки и поклони мали.

5. Поставувањето сами на себе цел и негувањето на нашиот друштвен живот е исто така предизвик колку вашата врска на далечина би ја издржала далечината.

6. Доверба еден во друг, клучот на врската на далечина.

Посветеноста е одлука на избор. Покажувајте разбирање, трудете се да одржувате еден т.н далечен баланс … вложувајте многу од себе, ако сакате да добиете многу за себе!

И, на крајот на секој ден, секој од нас навистина сака да биде блиску до некого. Никако не дозволувајте осаменоста да ве однесе во погрешни прегратки.

Зрелоста ке ве однесе во прегратките на вашата вистинска љубов. Во ваквите моменти на слабост кои се чест симптом на врските на далечина, тогаш ние осознаваме вистинската љубов и потреба од нашиот вистински партнер, и тогаш одбираме кој вистински сакаме да не потсетува на блискоста која всушност нам ни е неминовно потребна.

Лугето кои се со нас на крајот на денот, Тие се лугето кои вредат да ги задржиме во нашето блиско опкружение.

Ова е загатка која поединечно секоја врска на далечина ке си ја стави како цел на крајот на подолгото и потешкото разочарување.

Но, понекогаш таа инвазија од личен простор, може да биде токму што вам ви треба!

Бојана Кољушкова

loading...