Совети како да се разбудите поубави и поздрави

1269
Booking.com INT

Брзото темпо, деловните распореди и семејните обврски предизвикуваат недостиг на сон, поради што луѓето се чувствуваат уморно, што нанесува штета на здравјето, сексуалниот живот и изгледот. Експертите советуваат како да го искористите сонот како оружје за убавина и здравје. 

Bitcoin Exchange CEX.IO

– Во текот на спиењето се создаваат нови клетки на кожата кои ги заменуваат старите, што објаснува зошто на вашето лице се гледа дека не спиете добро, изјави др. Гај Медоус.

Вклучете го алармот

Многумина од нас вклучуваат аларм за будење, но тука се работи за аларм кој ќе ви каже дека треба да одите на спиење и да почнете полека да го забавите организмот. Ова ќе ви помогне да развиете рутина која ќе резултира со здрави навики и редовен сон.

Спијте на грб

Брз начин сонот да ви донесе убавина е да спиете на грб. Спиењето на страна создава притисок на лицето, што го забрзува распаѓањето на колагенот и води до видливи линии и создавање на брчки.

Изгасете ги сите екрани

Пуштете го својот мозок самиот да сфати дека е време за спиење така што ќе ги исклучите телевизорот, лаптопот и телефонот. Светлото од екранот го нарушува првиот сон во т.н. златни часови, бидејќи телото го зголемува производството на хормоните кои го јакнат телото.

Средете ја собата во која спиете

Нередот може да предизвика стрес додека лежите и го зголемува нивото на котизол кој го уништува колагенот, главен хормон одговорен за еластичноста на кожата. Претворете ја вашата соба во место за опуштање, пуштете омилена лесна музика и впловете во соништата.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...