Соларен автопат во Кина | Видео

808

Обиколница на автопат близу кинескиот град Џинан доби делница од еден километар изработена од т.н. „проѕирен бетон“, под кој се поставени соларни панели.

Панелите зафаќаат 5.875 квадратни метри и можат да произведуваат милион киловат часови електрична енергија годишно, што е доволно за потребите на 800 домаќинства.

Електричната енергија од панелите ќе биде користена за осветлување на автопатот, тунелите, како и за напојување на камерите и наплатните пунктови.

Засега, таа делница е во фаза на тестирање,

Планирано е во иднина ваквите „соларни автопати“ да послужат и при полнење на електромобилите во движење, но и за интернет конекција.

loading...