Сонцето позитивно влијае на менталното здравје, но шега настрана ….

440

Истражувачи од американскиот Универзитет „Бригам Јанг“ во Јута, испитувале како Сонцето во текот на денот, од изгрејсонце, до зајдисонце, влијае врз однесувањето на луѓето. 

Резултатите покажале дека должината на сончевиот временски интервал во текот на денот генерално влијае на менталното здравје на луѓето, дури и повеќе од другите фактори, како што се температурата, загадувањето или дождот.

Тимот на универзитетските експерти открил дека луѓето помалку се среќни кога деновите се покуси и има помалку Сонце. Од друга страна, луѓето се многу порасположени кога деновите се подолги.

За да ги комплетираат резултатите од истражувањето, научниците ги анализираа метеоролшките податоци од универзитетската метеоролошка станица, како и податоците за загадување на воздухот.

– Во текот на дождлив или ден кога загаденоста е зголемена луѓето претпоставуваат дека би можеле да имаат повеќе непријатности. Меѓутоа, ние тоа не го забележавме. Го гледавме зрачењето на Сонцето или количеството на сончевите зраци кои паѓаат на земјата. Ги земавме предвид облаците, дождот и загадувањето. На крај заклучивме, дека на луѓето најмногу влијае должината на сончевиот период меѓу излезот и залезот на Сонцето, изјави авторот на студијата Марк Бичер.

Затоа следниот пат кога ќе одите на сончање, знајте дека не сте тука само поради тенот, туку и поради менталното здравје.

loading...