Сончајте се, но паметно

920

Избегнувајте сончање во период од 11 до 16 часот. Ако во тоа време сте надвор, побарајте дебела сенка. Шумата е подобра заштита од дрвото, а бетонот подобро штити од платнените чадори во кафулињата, пишуваат Вечерње новости.

Освен пешкир, креми за сончање и шише вода, многу луѓе на плажа обавезно носат и чадор за сончање. Но, ни овој реквизит нема многу да ве заштити од сонцето, бидејќи UV зраците делуваат и преку платно. Ако не сакате од плажа да се вратите црвени како рак, придржувајте се на следните совети:

Избегнувајте сончање во период од 11 до 16 часот. Ако во тоа време се наоѓате надвор, побарајте дебела сенка. Шумата е подобра заштита од дрвото, а бетонот подобро штити од платнените чадори за сонце во кафулињата.

Внимавајте на исхраната. Бирајте храна богата со антиоксиданси и витамини А, C, E и Омега 3 масни киселини, кои спречуваат сушење на кожата на сонце. Слободно јадете домати, лиснат зелен зеленчук, лубеници, зелка, салати и црно грозје.

Носете облека во светли бои од природни материјали. Наместо качкет, на глава носете шешир со широк обод.

Користете препарати со заштитен фактор. Имајте на ум дека UV зрачењето го намалува нивото на влажноста на кожата, поради што е неопходно на секои два часа да ги мачкате изложените делови на кожата, со цел максимално да ја заштитите кожата од сонцето, посебно по пливање и бришење со пешкир.

Совет плус: Кремата за сончање не ја чувајте на сонце, да не ги изгуби заштитните својства. Чувајте ја на ладно место, на околу 25 степени.

loading...