Сончање и без сонце| 5 производи за бронзен тен на кожата за неколку дена

1661

Прекумерното изложување на сонце одамна не е во мода, особено поради тоа што не е препорачливо за здравјето, но од убав тен сепак не сакаме да се откажеме. Во тоа нѝ помагаат следниве 5 производи за брзо потемнување на кожата, со кои бојат се постигнува веќе за два дена.

Тинктура мелем од морков за брзо добивање боја на кожата минатото лето беше хит на плажите посакуван од многу припаднички на поубавиот пол. Популарноста на мелемот не изненадува со оглед на тоа дека доволно е да се користи само два дена за да се добие убав тен.

Ова лето можеме да се мачкаме и со други слични средства, мелеми, џемови и мармалади, кои што значително го забрзуваат сончањето. Бренд Мала од лаванда така, нуди мелем од морков и ореви со мирис на карамела за брзо потемнување на кожата, додека Biobaza џемот за брз тен и бронзана боја со екстракт од морков и ореви содржи масло од невен и маслина кои кожата ги сака.

loading...

Во Афродита можете да пронајдете мармалад за забрзано потемнување кој содржи вредни природни масла кои богато негуваат и ја навлажнуваат кожата.

Ако сакате на вашата кожа да ѝ дадете свиленкаста мекост, грижа, вистински летен мирис и најубав тен за што е можно пократок рок, со овие пет производи тоа сигурно ќе го постигнете.

Дознајте и која е таа ситуација во која ќе мора секогаш да ставате крема за сончање.

loading...