Сопругите и љубовниците се избираат по цртите на лицето

119
Booking.com INT

Жени, само да знаете – мажите ве проценуваат по цртите на лицето дали сте за брак или за афера.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Фацијалните карактеристики (цртите на лицето) се од суштинско значење за одлучување дали некоја жена е материјал за сопруга или љубовница, покажало истражувањето спроведена на Универзитетот во Стирлинг.

Жените со женствени црти на лицето се избираат првенствено за љубовници, а ги карактеризира помала вилична коска и пополни образи.

Нежниот изглед се поврзува со атрактивност, младост и добро здравје, а всушност се работи за повисоко ниво на естроген.

Таквите жени особено се атрактивни за мажи кои веќе имаат партнерка, според истражувањето на речиси четиристотини машки испитаници.

Мажите кои себеси се доживуваат како привлечни имаат поголем афинитет за женствени лица, додека жените бараат авантура со мажи кои имаат поостри, погруби црти на лицето.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...