Сочен колач со боровинки и лимон

1443

Овој вкусен колач може да стои подолго време …

Подготовка

За бисквитното тесто

  1. 85 гр путер
  2. 100 гр шеќер
  3. изрендана кора од 2 лимона
  4. 230 гр брашно
  5. 1 лажица прашок за пециво
  6. прстофат сол
  7. 1 лажиче цимет во прав
  8. малку изрендано морско оревче
  9. 2 поголеми јајца
  10. 125 мл јогурт
  11. 400 гр боровинки
loading...

За преливот од лимон

  1. 65 гр шеќер
  2. сок од 2 лимони

За посипување

  1. 55 гр путер
  2. 100 гр шеќер
  3. 45 гр остро брашно
  4. 1 лажиче симет во прав

Подготовка

  1. Прво подгответе ја смесата за посипување. Во еден сад ставете ги ладниот путер, шеќерот, циметот и брашното и со прсти убаво истријте ги сите состојки. Смесата треба да биде како мали грутки. Ставете ја во фрижидер.
  2. Преминете на подготовката на бисквитното тесто. Кремасто изматете ги путерот, шеќерот и изренданата кора од лимон околу 3 минути. Едно по едно додадете ги јајцата со постојано матење.
  3. Во посебен сад измешајте ги прашокот за пециво, брашното, солта, циметот и морското оревче и додадете ги постепено во смесата со јајца со постојано матење. На секое додавање малку од брашното, додадете по малку од јогуртот.
  4. На самиот крај кога смесата ќе стане хомогена додадете ги и боровинките и измешајте ги со дрвена лажица.
  5. Смесата сипете ја во намастен со путер правоаголен калап. Над тестото распоредете ја смесата за посипување.
  6. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 55 минути, додека тестото не добие убава златно-кафена боја.
  7. Пред крај на печењето подгответе го преливот од лимон. Во мал сад на рингла ставете ги да се варат сокот од лимон и шеќерот. Варете ги додека да се згусне течноста.
  8. Врелиот печен колач прелијте го со подготвениот п релив и оставете да се впие.
  9. Исечете го на парчиња и послужете.
loading...