Сочен колач со кокос

1678
Booking.com INT

Многу лесно и брзо ќе го подготвите …

Bitcoin Exchange CEX.IO

Потребно
1 чаша (од 200 мл) јогурт
1 чаша млеко
1 чаша масло
1 чаша кокос
1 ванилин шеќер
2 чаши шеќер
2 чаши брашно
1 прашок за пециво

За глазурата
200 гр млечно чоколадо
3 лажици масло

Подготовка
– Млекото и јогуртот измешајте ги со шеќерот и ванилиниот шеќер и оставете да стои 10-тина минути да се растопи шеќерот.

– Додадете ги маслото, кокосот, брашното со прашокот за пециво во него и убаво изматете.

– Смесата сипете ја во намастена тава и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени 30 минути и уште 10-тина минути на 150 степени.

– Додека се пече колачот направете ја чоколадната глазура. Чоколадото растопете го на пареа, тргнете го на страна и додадете го маслото. Измешајте убаво и оставете малку да се излади.

– Печениот колач оставете да се излади и прелијте го со чоколадната глазура.

– Кога ќе се излади глазурата одозгора олачот посипете го со кокос, исечете на парчиња и послужете.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...