Сочен колач со јаболки и ореви и неодолив крем од сирење

488

Совршен сладок вкус …

Потребно

За тестото

  • 300 гр брашно
  • 190 гр кафеав шеќер
  • 250 мл масло
  • 4 јајца
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • 1 лажиче цимет
  • 2 јаболки, изрендани
  • 100 гр ореви, сецкани

За кремот

  • 100 гр омекнат путер
  • 200 гр крем сирење
  • 50 гр кафеав шеќер
  • 1 лажица мед

Подготовка

  • Во еден  подлабок сад ставете ги брашното, содата, циметот и шеќерот.
  • Додадете ги маслото, јајцата и изренданите јаболки и убаво изматете со миксер.
  • На крај додадете ги оревите и измешајте.
  • Смесата истурете ја во калап за торта кој претходно убаво сте го намастиле со путер.
  • Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 45 минути. Оставете да се излади печеното тесто.
  • За кремот измешајте ги сите состојки да добиете хомогена смеса.
  • Тестото исечете го по должина на два дела.
  • Во украсна чинија ставете го едното тесто и премачкајте го со дел од кремот. Над него ставете го второто тесто и премачкајте го со остатокот од кремот.
  • Во сад на рингла ставете ги јаболките исечени на кришки. Додадете малку шеќер, ванилин шеќер и сок од лимон и кратко варете ги додека малку да омекнат. Јаболките наредете ги на тортата.
loading...