Со „гладување“ до подолг и поздрав живот

1184

Лицата кои пет дена месечно „гладуваат“ подолго живеат, открија научниците.

Луѓето кои барем еднаш неделно на половина го намалуваат внесот на калории имаат помали знаци на стареење, помал ризик од дијабетес, болести на срцето и рак во спроедба со групата која не гладувала.

Претходни студии покажаа дека целосното гладување во текот на куси временски периоди е многу корисно, но дека не е добро за сите, на пример, за постарите и болни луѓе.

loading...

Затоа истражувачите тргнаа во потрага за план на исхрана што ќе има ист резултат како гладувањето. Се утврдило дека максималниот број калории што може да се внесе во деновите на „постот“, 1.090, односно 725 за да се постигнат добри резултати.

Тестирањата на испитаниците во три месечниот период покажа општо намалување на нивото на гликоза во крвта за шест проценти, додека во деновите на гладувањето било помалку за десет отсто. Исто така, во крвта на испитаниците намалено е нивото IGF1 хемикалија која се поврзува со стареењето и тоа за 24 отсто.

IGF1-0011

Валтер Лонго, водечки истражувач на Универзитетот во Јужна Калифорнија вели: – “Луѓето тешко се придржуваат на строг пост, а тој може да биде дури и опасен. Затоа развивме сложена диета која ги има истите ефекти во телото.” Тој препорача во деновите на гладување исхраната да се состои од овошје, супа, енергетски плочки, чај од камилица и суплеменет.

На испитаниците во деновите на постот им биле препишани 11 до 14 проценти протеини, 42 до 43 отсто јаглени хидрати 44 до 46 отсто маснотии. Другите 25 дена во месецот се хранеле нормално.

Иако студијата на луѓе не опфати голем број испитаници (само 19) таа се потпира на испитувањето што екипата на Униерзитетот во Јужна Калифорнија го спроведен врз глувци.

Глодарите биле на многу рестриктивна диета во текот на четири дена во месецот, а научниците откриле дека по таквите пормени на мускулите, коските, црниот дргоб, мозокот и имуните клетки се регенерираат.

Животните кои биле на таков режим на исхрана живееле подолго, имале помалку воспаление на болести и подобро учеле.

loading...