Со музика до поефективно учење

289

Бројни студии докажуваат дека музиката има позитивно влијание на развојот на децата во кој било период, во однос на моториката, говорот, интелигенцијата, социјалното и емоционалното созревање.

– Децата кои свират на барем еден музички инструмент, покажуваат подобри резултати на тестовите по математика, логика, па и оние за интелигенција. Моторички, вообичаено се поснаодливи, оти музиката повикува на танц и игра, објаснува српскиот логопед Драгана Филиповиќ.

Според неа, музиката и развојот на говорот исто така се тесно поврзани, па многу деца слушајќи музика учат нови зборови, го совладуваат ритмот во говорот, ги помнат изразите и речениците кои подоцна ги користат во секојдневната комуникација.

loading...

Таа нагласува дека во најраниот развој, бебињата на возраст од една до три години, треба да слушаат песни едноставни за изговор и со ритам за плескање со раце, потскокнување и вртење. – На овој начин се стимулираат и говорот и моториката. На предучилишна возраст пак, се препорачуваат песни преку кои се учи азбуката и кои едноставно опуштаат, додава Филиповиќ.

– Неретко, деца со аутизам, кои имаат потешкотии во комуникацијата, прозборуваат токму благодарејќи на музиката, нагласуваФилиповиќ.

loading...