Со пеење повикувал бел кит, но не претпоставувал што ќе му се случи | Видео

539

Шкотскиот новинар Пол Инглиш бил на патување во канадската покраина Манитоба, каде му се случило нешто најнеочекувано.

Инглиш со кајак пловел по реката Черчил и решил со пеење да повикува бели китови, но не претпоставувал дека ќе успее во тоа.

По кусо време, до кајакот навистина се појавил кит, а потоа уште еден. На китовите очигледно им се допаднало пеењето на Инглиш, па тие продолжиле да пливаат покрај кајакот.

Новинарот потоа се нурнал во водата, пливал со китовите и продолжил да им пее на што тие возвратиле.

loading...